3 правила при купување костим за капење за мали гради
Кога се работи за идеалниот костим за капење, критериумите варираат од жена до жена и не сите се врзуваат за сезонските трендови.
Пред да одберете шара, обрнете внимание на корпите, посебно ако сте жена или девојка со мали гради.
Плус, добро е да ги запаметите овие 3 правила за да не направите грешка:
1. Боја
Малите гради поднесуваат се, но најдобро им прилегаат моќните бои и впечатливи дезени. Најмалку им одговара црната и сивата боја.
2. Модел
Моделот на градник најдобро им одговара на малите гради. Тие најчесто се со полни корпи, кои ќе создадат илузија на поголемо деколте. Втора опција се триаголниците без потпора, а модел кој дефинитивно треба да го избегнувате се „банана“ градниците, односно рамните и спортски модели кои визуелно ги смалуваат градите.
3. Апликации
Исто како кај боите и дезените, така и 3D апликациите и карнерите се создадени за жените со мали гради. Тие визуелно ќе ви го збогатат деколтето без преголем труд.