5 дами кои блеснаа на црвениот тепих во Кан (фото)
Започна 68-то издание на Канскиот филмски фестивал каде за Златната палма ќе се натпреваруваат 19 филмови, а се отвори со премиерата на француската драма „Le Tete Haute“ која е надвор од конкуренција.
Водител на фестивалот е францускиот актер Ламбер Вилсон, а во жирито се американските режисери Џоел и Итан Коен.
Она што е најатрактивно е модата на црвениот тепих, каде овој пат најмногу блеснаа 5 дами:
Џулиен Мур во креација на Армани со црно-сива тоалета, навезена со црни, бели и зелени кристали по целата должина и раскошен горен дел прекриен со црни пердуви и длабоко деколте, што го надополнуваше нејзиниот гламурозен изглед.
Наоми Вотс во нежно сива пердувеста креација на Ели Сааб која акцентот го имаше на долниот дел од тоалетата што малку се влечеше, додека во горниот дел беше доволно впечатлив светкавиот мек материјал и кројот со длабоко деколте.
Сиена Милер во елегантна тегет креација на Балмаин со мали детали во црна комбинација. Едноставен и модерен фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело и кој на едното рамо има впечатлив детаљ како машна вклопена во самиот крој, а од другата страна кај струкот има забележителен патент.
Натали Портман во романтична црвена креација на Диор, без некои посебни детали и со едноставен крој каде единственото отскокнување од рамните линии се забележува кај пределот на градите и минималниот шлиц со преклоп во задниот дел.
Дауцен Крос секогаш елегантна и секси во бела креација на Версаче која е прилепена на нејзиното совршено тело, одлично ги истакнува сите нејзини атрибути. Отворената брановидна линија по дијагонала низ нејзиното деколте и грбот, како и високиот шлиц само дополнително ги привлекуваа погледите, додека таа гордо чекореше.
Погледнете како блеснаа овие 5 дами на црвениот тепих во Кан: