Бразилски модел е најпосакуваниот маж на Инстаграм (фото)
Можеби сте го гледале во некои рекламни кампањи, по модни писти и во разни магазини и сте се прашувале кое е тоа неодоливо момче?
Покрај добро граденото тело, бронзениот тен, нежниот поглед со длабоките сини очи и прекрасната насмевка која ѕирка меѓу црната брада и бушавата коса, тука е и бразилското потекло, за Марлон Теиксеира да биде комплетен и најпосакуван маж на Инстаграм.
Речиси нема девојка која не би го посакала покрај себе, а тоа може да се забележи и според бројот на фанови кои го следат на Инстаграм, а надминува 300.000.
Ако му ги разгледате фотографиите ќе забележите дека неговиот див и романтичен изглед се поврзува и со неговиот авантуристички дух.
Сака да патува, да се дружи со пријателите, постојано е опкружен со најдобрите женски топ модели, но наоѓа време и за семејството, животните кои ги обожува, но и за пронаоѓање на личниот мир, спорт и релаксација.
Но, голема е веројатноста кога ќе почнете да му ги разгледувате фотографиите да заборавите на сите податоци: