Hugo Boss колекција за пролет/лето 2015

Светот на музиката ги содржи правилните состојки за софистициран и лежерен начин на облекување. BOSS ја гради последната колекција околу оваа инспирација во која формалниот се комбинира со реласкираниот стил на урбана средина. Од половично обрабени до тесно кроени палта -  облеката сезонава наоѓа баланс помеѓу строгото и лежерното.

hugo-boss-kolekcija-za-prolet-leto-2015-001.jpg

Кроевите се силната страна на BOSS, па така и во оваа колекција може да се најдат перфектно скроени одела, а новитет се деконструираните јакни за лежерен, секојдневен изглед. BOSS се надоврзува на оваа идеја со свеж стајлинг - едноставна маица во комбинација со костум го прави изгледот порелаксиран, а  застапени се азурно сината боја комбинирана со пригушено бела.

Квадратните форми се среќаваат во горниот дел на облеката, постепено стеснувајќи се во делот на панталоните. Впечатливи парчиња за сезоната се и двобојните кратки мантили, кожни колеџ јакни, како и поло маици од лесен памук. Пепито, дезен во форма на рибина коска и ригите се доста застапени и го прават остриот изглед неочекувано разигран.

Карактеристиката по која BOSS мажот најмногу се разликува од останатите е неговата љубов кон извонредни мокасини, направени од антилопска кожа со дополнителен ефект на стара патина.

Богатите, необични комбинации на бои - фламинго розова кошула со панталони во песочна боја и арт деко сина во комбинација со кафена боја внесуваат нов ритам во светот на BOSS.

Американските филмски класици од 1950-тите, 1970-тите и 1980-тите години, каде главна тема е патувањето, се инспирација за новата колекција и кампања на BOSS Orange за пролет/лето 2015. Со ефект на замагленост и прав присутна на фотографиите , колекцијата има за цел да ja модернизира и урбанизира  оваа тема на колекцијата, комбинирајќи винтиџ елементи и придавајќи им ублажена острина. Време е да почнете да патувате со стил.

BOSS Green за пролет/лето 2015 ги комбинира архитектурата и модерните органски форми во спортска, но трендовски актуелна колекција со свежи и силни бои кои ќе Ве внесат во тропско летно расположение. Колекцијата вклучува облека која се карактеризира со едноставна, лежерна елеганција, изразувајќи чувство на слобода за време на топлите сончеви летни денови.

Би можело да ве интересира:

Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
Модни парчиња и додатоци што жените со добар вкус ги избегнуваат сезонава (и што носат наместо тоа) Розови аутфити и многу големи очила - кои модни додатоци и облека излегуваат од ...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
8 модни парчиња што вреди да ги купите оваа есен (дури и ако гардероберот ви е преполн) Мантил со маслинеста боја и црни мокасини – со кои парчиња ќе бидете тренди оваа...
4-годишно момче од Скопје е модна инспирација на Инстаграм „Инстаграм профилот на Алексеј е креиран од неговото раѓање, а како растеше сам ...
Предлог модни комбинации со бордо црвена – омилена боја за оваа зима (фото) Капут, здолниште или сам мал детаљ во бордо нијанса – Неколку предлози како да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg