Капсулна колекција маички на Фешн Груп и Јована Зука
Веќе неколку сезони по ред, проектот Џинсоманија се реализира како начин на прославување на урбаната култура и тексасот како материјал кој може секогаш одново да се oживее и реинтерпретира.
Оваа сезона Фешн Груп во соработка со познатата македонска блогерка Јована Зука изработи капсулна колекција маици, сметајќи дека токму маичките се најдобар партнер на фармерките и останатите производи направени од тексас за современ, едноставен, но шик изглед.
Лимитираната колекција ја сочинуваат неколку модели маици, а секоја од нив пренесува интересна и досетлива порака на македонски или англиски јазик. Пораките се дело на креативната Јована, а дизајнот е на Бојан Тасевски, графички дизајнер во Фешн Груп.
Маиците ќе бидат претставени преку посебен, интерактивен простор во рамките на Модниот викенд Скопје на 5-ти април во зградата на катната гаража Солунски конгрес. Тие исто така ќе бидат достапни и во некои од продавниците на Фешн Груп за време на викендот 4ти и 5ти април.
Дел од претставувањето на маичките е и реализираната фотосесија под наслов “Фармерки, црвен кармин и оваа маичка”, која пренесува ведро, младешко и лежерно расположение.
Моделот Ангела Ѓорѓиева од агенцијата Подиум застана пред фото апаратите на тандемот Ани и Дими, за шминка и фризура се погрижи Игор Марков, додека пак стајлингот е на Јована Зука со производи од брендовите во Fashion&Friends и чевли од BATA.