Која е младата грофица што ги засени и најубавите жени на Модната недела во Милано?
Изгледа како бунтовна и модерна Грејс Кели, а никој не останал рамнодушен на нејзината убавина на Модната недела во Милано. Која е младата грофица што привлече повеќе внимание и од светските ѕвезди?
Лара Козима Хенкел фон Донерсмарк е девојка која привлече големо внимание на актуелната Модна недела во Милано.
Лара е родена во 2003 година и е грофица од австро-германско семејство на католичка аристократија.
Таа е ќерка на режисерот Флоријан Хенкел фон Донерсмарк, кој доби Оскар за странски филм во 2007 година.
Младата грофица отсекогаш била вљубеник во модата и модните детали.
Студирала на Факултетот за дизајн Парсонс во Њујорк, градот кој го нарекува свој дом.
Многу е богата, но и бунтовна.
На Инстаграм има 455.000 следбеници, а популарна е и на ТикТок.
Поради нејзиното аристократско потекло и богатство - брзо станала мета на хејтери и негативни коментари.
Има и такви кои нејзиното семејство го поврзуваат со нацистите, но таа тоа го демантира.