Модни совети со кои ќе го прекриете вишокот околу стомакот
Ако имате проблем со вишок килограми кои ви се собрале токму околу стомакот и никако не можете да ги отстраните, не грижете се. Вистинскиот избор на гардероба ќе ви помогне да го сокриете проблематичниот дел од телото.
Постојат бројни трикови со чија помош вишокот на килограми во овој дел ќе биде помалку видлив, погледнете кои се тие:
Изберете го вистинскиот крој на фармерки
Иако фармерките со низок струк се секогаш во мода, сепак тие се наменети за жените со рамен стомак. Ако вие не сте меѓу нив, одберете модел со повисок струк, кој ќе го сокрие вишокот на стомак. Тоа ќе ви помогне да ја сокриете зоната, која никако не сакате да ја истакнете.
Фустани на преклоп
Фустаните и другата облека со преклоп е одличен избор за жените кои имаат проблем со вишок на килограми околу стомакот. Овој вид на фустан ќе ги прекрие критичните делови на телото и убаво ќе ја истакне вашата фигура.
Маички со спуштени раменици
Маичките со спуштени раменици или широки ракави се одлични за прикривање на вишокот на вас. Кај овој вид на маички не е изразен струкот, па затоа и нема да се забележува пределот околу стомакот.
Растеглив материјал
Облеката направена од растеглив материјал е одлична за прикривање на вишокот килограми. Единствениот трик се состои во начинот на кој ја носите. Хеланките се одличен избор, а можете да ги комбинирате со туника која ќе го прекрие вишокот околу стомакот.
Долна облека за обликување
Иако овој вид на долна облека не е најсекси избор, сепак жените со вишок килограми истата ја обожаваат. Ваквата долна облека ќе ве притисне и ќе го прикрие стомакот. Истата е одличен избор доколку одите на некој свечен настан, каде ќе биде потребно да носите свечена тоалета која секако ќе ја истакне вашата фигура.