7 тајни за совршен зимски изглед кои секоја девојка треба да ги знае
Стилот на облекување и начинот на шминкање во зима кај секоја девојка се различни, тоа е факт, но сепак постојат некои тајни кои секоја девојка треба да ги знае околу нив за да постигне совршен зимски изглед.
Доколку сè уште не сте ги слушнале 7-те тајни за совршениот зимски изглед, време е да ги откриете.
Темен кармин
Светлите бои и студената зима некако не одат заедно, бидејќи на ледените убавици подобро ќе им стои темна впечатлива боја кога се работи за нивниот кармин.
Изборот на темно црвена, виолетова, или кафена боја е една од тајните на совршениот зимски изглед на секоја модерна девојка.
Мат лак во темна нијанса
Како и карминот, маникирот на вашите нокти не е исклучок кога се работи за одбирање на соодветна боја.
Никако не се одлучувајте за светла нијанса на пролетни бои како што се розова, жолта, или зелена, наместо нив изберете мат лак во темна нијанса од типот на сива, крем, црвена, или зелена кои ќе дадат дополнителен шмек на вашиот изглед.
Федора шапка
Овие шапки не само што ќе ви дадат елегантен изглед на дама од шеесеттите, туку и ќе ја прикријат лошата фризура во оние денови кога немате време за да изгледате беспрекорно.
Пожелно е да имате неколку вакви шапки во различни бои кои ќе може да ги комбинирате со секое зимско парче во плакарот.
Брановидна коса
Природното е привлечно, па затоа за совршен зимски изглед оставете ја вашата коса во природна состојба, без пеглање или дополнително виткање кое ќе ја оштети. Нека паѓа брановидно доловувајќи природен, а воедно и шик изглед.
Темна коса
Без разлика дали сте русокоса, црнокоса, црвенокоса или бринета, нијансата на вашата боја на коса нека биде најтемната од типот на косата. Тоа значи да ја задржите бојата на косата, но да го засилите нејзиниот интензитет со нејзината најтемна нијанса.
Зачадени очи
Еден од елементите на совршениот зимски изглед што никогаш нема да излезе од мода се зачадените очи кои на секоја девојка и даваат мистериозност и физичка прилечност, посебно во зимскиот период.
Доколку не сте вешти околу методот на зачадени очи заменете го со ефектот на мачкини кои исто така е безвременски.
Крзно
Без разлика дали ќе се одлучите за крзнен шал или капа, капут со крзно на јаките или пак целосна крзнена бунда, нема да погрешите во ниту еден од овие избори бидејќи крзното исто така никогаш не излегува од мода.
Ќе го комплетира совршениот зимски изглед и ќе ви даде богат впечаток на девојка со беспрекорен стил.