Што да облечете овој месец: Бел џемпер на 15 начини (фото)
Како поинаку може да му посакате добредојде на декември, ако не со бел, волнен џемпер? Уште ако има некоја извезена снегулка, тогаш целосно може да и се препуштите на зимската модна бајка која следува.
Сигурно уште од мали имате по барем еден омилен бел волнен џемпер во кој можете да се замотате кога сè друго ви изгледа тенко.
Сега, кога прераснавте во дама која ја цени моќта на беспрекорно белата боја, слободно може да ја комбинирате со џинс, мини здолништа, кожни хеланки и леопард чевли.
Шалот и марамата се задолжителни, исто како и палтото во впечатлива боја.
Со вистинските детали може да се претворите во стилска дива за само неколку минути!