Почетоците на Викторијас Сикрет: Вака изгледаа ревиите во ’90-те (фото)
Градници вредни милиони долари, врвни топ модели со ангелски крилја од 10 килограми, познати музички ѕвезди, редовна публика од над 10 милиони гледачи - на кратко, вака изгледа денешното шоу на Викторијас Сикрет кое важи за едно од најгламурозните и најочекуваните во годината.
Но, не секогаш било така. Почетоците на овој бренд не биле толку гламурозни, исто како и дизајните кои се носеле на пистата.
Првото шоу на Викторијас Сикрет се одржало во Плаза хотелот во Њујорк, во 1995-та година.
Дел од моделите биле познати, но креациите кои ги носеле не биле ништо поразлично - обични градници, гаќички и свилени наметки, без никакви музички перформанси, ниту скапи додатоци, крилја, високи потпетици, накит...
Вратете се во времето кога Викторијас Сикрет промовираше сосема едноставна и прилично евтина долна облека: