Кејт Мидлтон на црвениот тепих во креација на Џени Пакман, прв пат по објавувањето на бременоста
По нешто повеќе од месец без да се појави во јавноста, принцезата Кејт конечно го покажа својот труднички сјај.
Заради проблематичната втора бременост, лошењето и вртоглавиците, Кејт Мидлтон вчера за прв пат се појави на црвениот тепих по подолг одмор во домашни услови.
Во бебешко сината креација на Џени Пакман, Кејт ги истакна совршено тонираните нозе. Предниот дел беше мини здолниште, кое постепено се претвораше во елегантна тоалета.
Фантастичниот ефект на „бесконечни нозе“ беше надополнет со високи потпетици во пудра боја, кои се совпаѓаа со плик чантата.
Трудничкото стомаче не се наѕираше, но Кејт сепак го имаше сјајот кој се забележува само кај бремените жени.