7 совети со кои вашата облека ќе изгледа скапо

Ако маичката, сакото или џемперот кој го купивте има некоја маана што го прави да изгледа евтино, не мора да го фрлите на крајот од гардероберот.

7-soveti-so-koi-vasata-obleka-ke-izgleda-skapo-01.jpg

Сега постојат поедноставни начини како вашата гардероба да изгледа поскапо и префинето:

1. Променете ги копчињата. Тие мали детали значат цело богатство. Необичното копче кое одлично се вклопува со вашето палто, сако или свилена кошула, ќе го освежи изгледот со голема доза на елеганција.

2. Носете ја облеката на хемиско чистење. Наместо да купувате четки за чистење, вложете во еден ваков „третман“ на вашата гардероба.

3. Грижете се за облеката. Посебно кога се во прашање чевлите и чантите. Дури и да не сте ги платиле скапо, чувајте ги. Наполнете ги со салвети за да го сочуваат обликот, чувајте ги исклучиво во чист гардеробер и редовно чистете ги.

4. Купете машка облека. Машката облека многу често се прави од поквалитетни материјали, посебно кога се работи за кошули и џемпери. Ако има најмал број, голема е веројатноста да ви одговара. Пробајте, нема што да изгубите.

5. Правилно чувајте ја облеката. Наместо да ја расфрлате по собата, чувајте ја на дрвени закачалки или добро здиплена на полиците. Со ова значително ќе го продолжите векот на облеката.

6. Посетете кројач. Сакате стариот капут да ви изгледа како штотуку купен? Дозволете и на кројачката да ги среди рабовите, да го стесни струкот или да направи некоја модна промена - ќе бидете воодушевени.

7. Променете ги ремчињата на чантите. Иако ви изгледа како неважна работа, разликата ќе биде повеќе од очигледна. Малата промена со која железните алки ќе ги замените со цврсто ремче може да изгледа како штотуку да сте се подновиле.

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 грешки со кои си ја уништувате есенската и зимската облека Ставате премногу омекнувач и не ги носите палатата на хемиско, туку ги перете во...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Делува вулгарно и непрофесионално - летна гардероба која не е добар избор за на работа Парчиња гардероба, кои се апсолутен хит во текот на летото, но никако не се пого...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg