Сензуално и префинето: Штипјанката Вера Хаган во есенската колекција на Goldenpoint

Сензуалноста никогаш не излегува од мода, а оваа есен брендовите за долна облека посветуваат особено внимание на креирање парчиња кои се во исто време секси, елегантни и модерни.

senzualno-i-prefineto-esenska-kolekcija-dolna-obleka-od-goldenpoint-01.jpg

Претставувањето на колекцијата за есен/зима 2014 на италијанскиот бренд Golden point, Фешн Груп сезонава реши да го направи преку винтиџ приказна која зрачи со женственост и привлечност.

Така, имаме можност да видиме жена која открива свет на нежност и невиност, за потоа да се открие нејзината заводлива нишка, која нè води во една сосема поинаква мрачна и мистична димензија со примеси на бунтовност.

На овој начин јасно се прикажани носечките трендови во колекцијата есен/зима 2014 на Goldenpoint – во однос на боите присутни се нежните и неутрални нијанси, но исто така и есенските тонови како бордо и темно зелено.

Секогаш актуелната црна боја е речиси незаменлива кога станува збор за долна облека, без разлика дали се работи за едноставен или дизајн декориран со многу тантела. Еден од сезонските трендови кој се пренесува  и кај долната облека е пепито дезенот и неговите варијации – сетовите долна облека со ваквото дезенирање имаат дополнителен ефект, кој ги прави задолжителни парчиња за оваа сезона.

Материјалите кои доминираат во колекцијата природни и удобни, а проѕирното и тантелата долеваат неизбежна доза на раскош и елеганција.

Фотосесијата е дело на тандемот Ани и Дими, додека пак во центарот на вниманието е прекрасната Вера Хаган. 

За шминка и фризура беа задолжени Маја Саздановска и Бојан Сејменовски, соодветно.

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)? Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна обл...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg