Модната блогерка Зорана се посрамоти во Милано

Српската модна блогерка Зорана Јовановиќ, позната под уметничкото име Zorannah, наседнала на најновиот интернет трик, па на модната недела во Милано покажала колку „се разбира“ во модата.

zasramuvacki-modna-blogerka-pokazala-kolku-se-razbira-od-modata-vo-milano-01

Сакајќи да се покаже како многу информирана и во чекор со најновата мода, одговара што ѝ се допаѓа и дека со задоволство би носела некои парчиња од оние за кои ја прашуваат, па дури и дека некои лично ги познава.

Најпрво во видеото со почеток во 1:00 минута ја прашуваат како ѝ се допаѓа модата на Кеичиро Кимура, на што таа возбудено одговара дека го обожава.

Тој инаку е еден од најпознатите уметници за анимации.

На второто прашање во 2:29 минути, дали би носела шешир кој го дизајнирал Кабус бин Саид, малку се замислува но, одговара дека веројатно би носела.

Бин Саид всушност е султанот Оман.

На последното прашање во 3:10 минути за тоа како ѝ се допаѓа работата на младиот Доменико Лупатели, кој инаку е италијански револуционер од 19. век, одговара дека ги видела неговите модели и дека се неверојатни.

Но, не е само таа единствена која наседнува на овој трик. Погледнете го видеото:

Би можело да ве интересира:

Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
4-годишно момче од Скопје е модна инспирација на Инстаграм „Инстаграм профилот на Алексеј е креиран од неговото раѓање, а како растеше сам ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Која е младата грофица што ги засени и најубавите жени на Модната недела во Милано? Изгледа како бунтовна и модерна Грејс Кели, а никој не останал рамнодушен на неј...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
4-годишно девојче од Прилеп е модна инспирација на Инстаграм (фото) Забавни аутфити и талент за позирање, запознајте ја малата Марија од Прилеп, кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg