Совршената колекција на Desigual за пролет/лето 2015?
Бразилскиот модел Алесандра Амбросио беше главна ѕвезда на пистата за време на модната ревија на шпанскиот бренд Desigual кој се претстави на Mercedes Benz модната недела во Мадрид.
Таа прошета во 3 различни комбинации од колекцијата пролет/лето. Најпрво претставувајќи се во младешко фустанче со бела основа и акцент на сините кружни шари во комбинација со високите сини сандали и слично дизајнираната чанта.
Со втората комбинација успеа да го привлече сето внимание, носејќи кратки шорцеви со висок струк, а одозгора покриена со некој вид на летен отворен капут кој ѝ дава гламурозност и разиграност која таа вешто ги искористи на пистата.
Во третата комбинација со црно фустанче беше доволно заводлива намигнувајќи на публиката додека испраќа бакнежи.
33-годишниот ангел на Victoria’s Secret знае да направи шоу каде и да се појави.
Како и во претходните колекции, и овде Desigual го задржат својот препознатлив стил на шаренило од бои, дезени и геометриски фигури или цветни принтови.
Погледнете ја целата колекција: