Како да ги омекнете и раширите новите чевли?
Секоја жена која е заљубена во чевлите, никогаш нема да се откаже од својот совршен пар, само затоа што и предизвикува некоја ситна болка.
Очекувано, не сите високи потпетици се удобни, па затоа вреди да научите неколку трикови кои ќе го олеснат вашиот проблем.
1. Дебели чорапи и алкохол - Првата тактика е наједноставна. Потребни ви се дебели чорапи, малку алкохол и добра волја. Облечете ги чорапите и направете течност од вода и алкохол со која ќе ги премачкате чевлите. Потоа облечете ги и одете во нив најмалку половина час.
2. Фен за коса - Ако првиот совет не ви успее, финиширајте го со неколку минутно сушење и затоплување на чевлите.
3. Замрснувач и вода - На прв поглед ќе ви биде смешна целата идеја, но ќе се исплати. Наполнете една кеса со вода и ставете ја во чевлите. Ставете ги во ладилник, сè додека водата не замрзне.