Модната дизајнерка Росица Мршиќ е новиот советник за убавина на AVON Македонија

Со почетокот на 2014 година компанијата AVON Македонија потпиша договор за започнување на нова соработка со познатата македонска модна дизајнерка Росица Мршиќ.Во првата половина од годината, името и потписот на Росица Мршиќ ќе можат да се најдат во брошурите на оваа козметичка компанија, и тоа како нов и ексклузивен советник за убавина на компанијата.

modnata-dizajnerka-rosica-mrsik-e-noviot-sovetnik-za-ubavina-na-avon-makedonija-01

Во овој период стручните препораки на Росица Мршиќ за одбрани парчиња модни додатоци од портфолиото на AVON ќе бидат застапени во печатените и електронски изданија на компанијата, при што модната дизајнерка ќе ги советува потрошувачите на AVON за последните трендови и тековните сезони.

„Јас сум одбрана да бидам консултант за убавина за производите на AVON, во наредниот период од шест месеци. Оваа соработка се однесува на приближување на модните производите и производите за убавина, преку препораки, до секој корисник на AVON. Од овие препораки се очекува да го опишат производот и дадат личен совет за нивната употреба, намена, можност за модно толкување“, вели Росица Мршиќ.

AVON соработува со светски познати лица од музичката и филмската област за поатрактивно промовирање на своите производи, па вклучувањето на домашни личности за нивни советници за убавина за Росица претставува одличен гест на почитување на локалната средината.

modnata-dizajnerka-rosica-mrsik-e-noviot-sovetnik-za-ubavina-na-avon-makedonija-02

„Соработката со АVON Македонија е одлична можност на поврзување на домашните дизајнери со една толку значајна интернационална компанија за убавина. Важноста на овие соработки претставува поттик и поткревање на перцепцијата за локалниот дизајн, потврдувајќи го значењето на локалната сцена во која АVON Македонија работи“, додава модната дизајнерка.

Соработката со Росица Мршиќ пред поголема публика за прв пат беше обелоденета на интерната конференција на AVON - Back to Work, каде Росица се претстави со своја ревија, а во наредните два квартали се очекува оваа соработка да се продлабочува на уште повеќе нивоа.

Инаку, во последниот квартал од 2013 година AVON Македонија соработуваше со модната дизајнерка Антонија Ристовска, а од компанијата велат дека овој тренд на соработување со истакнати јавни личности ќе продолжи и во иднина, со цел уште поголемо зацврстување на брендот и поголема препознатливост на пазарот.

modnata-dizajnerka-rosica-mrsik-e-noviot-sovetnik-za-ubavina-na-avon-makedonija-03

Би можело да ве интересира:

Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
Која е младата грофица што ги засени и најубавите жени на Модната недела во Милано? Изгледа како бунтовна и модерна Грејс Кели, а никој не останал рамнодушен на неј...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg