Мода штетна по здравјето

Ако мислите дека следењето на модата му штети само на вашиот буџет, овој пат се лажете. Трендот понекогаш знае лошо да влијае и врз здравјето. Еве...

 


... неколку делови од облеката кои можат да бидат закана по здравјето:

Танга
Можеби изгледаат привлечно, но понекогаш се многу неудобни и погодни за ширење на инфекции. При триењето, посебно кај тангите кои се лошо изработени, може да дојде до оштетување на кожата и воспаленија кои го олеснуваат ширењето на бактериите. Ако сепак не можете да се откажете од ваквиот вид на долен веш, бирајте ги оние од природни материјали. При спиење заменете ги со обични памучни гаќички.

moda-stetna-po-zdravjeto1
Кратки панталони
Доколку сте добро градени, во кратки фармерки ќе изгледате одлично. Но, на тој начин го жртвувате здравјето на вашите нозе. Кратките панталони предизвикуваат модрици, па дури и гангрена. Ако пак не можете без нив, носете ги најмногу три пати неделно.
Избегнувајте да седите долго во нив, бидејќи притисокот на нервите кои се наоѓаат на површината на кожата тогаш е значително поголем.

Големи ташни
Со голема ташна може ќе изгледате модерно и секси, но таа може да ви предизвика болки во грбот, вратот и рамената. Во неа може да се смести се што е потребно и непотребно, па жените тешко може да се одлучат што им треба и најчесто ставаат се.
Кога ташната ја носиме на едното раме ,или во рака, телото се наведнува на неприроден начин, што доведува до негово лошо држење. Намалете ја количината на работи кои ги носите во ташната. Експертите тврдат дека женската ташна не трeба да тежи повеќе од 1.3 килограми.

Високи потпетици и рамни чевли
Ако мислевте дека само високите штикли предизвикуваат болка, повторно се лажете. И сосема рамните чевли, популарните балетанки, кои се модерни веќе неколку сезони, не се баш некој мудар избор. Тие го истегнуваат мускулот на листот на ногата и ја напрегнуваат Ахиловата тетива.
Високите потпетици предизвикуваат болки во табани и искривен `рбет.
Експертите велат дека идеалната висина на потпетицата на женските чевли е од три до четири сантиметри.

Би можело да ве интересира:

Како најдобро да ги комбинирате големите обетки, без да изгледате „кич“? Кога избирате ланче и големи обетки, обрнете внимание на деколтето и фризурата к...
Предлог модни комбинации со бордо црвена – омилена боја за оваа зима (фото) Капут, здолниште или сам мал детаљ во бордо нијанса – Неколку предлози како да ј...
Модни трикови од инфлуенсерки: Како да изгледате одлично со обична маичка? Изберете едноставна, долга маичка, која ќе можете да ја носите како фустан, па к...
8 вообичаени грешки поради кои облеката и чевлите се уништуваат брзо и завршуваат во корпа за отпадо... Можеби звучи смешно, но пробајте го трикот со замрзнување на хулахопките пред да...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
Дамскиот моден стил на водителката Цеце Николова (фото) Таа е вистинско освежување на ТВ екраните, како со насмевката и убавата енергија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg