5 застарени модели патики кои треба да заборавите дека ги имате (и подобро е да ги фрлите)
Последниве години жените не носат патики само со фармерки и спортски комбинации, туку и со фустани и елегантна облека. Сепак, не се сите модели соодветни за сè, а некои од нив треба да престанете да ги носите.
Како што се менуваат сезоните, се менува и стилот, не само во гардеробата, туку и кај обувките.
Па, така, патиките што до „вчера“ беа тренди, денес се толку демоде, што треба да заборавите дека ги имате во својот плакар (дури и да ги фрлите).
Кои 5 модели на патики се застарени (и нема да се вратат во мода уште долго време)?
Патики „на потпетица“
Се сеќавате ли на патиките кои беа „поткренати“ со висока потпетица, како чевли на плута?
Предноста им е тоа што жените што ги носеа изгледаа повисоки.
Но, овој модел е толку ретро, што делува дури и смешно.
Патики со огромен гумен ѓон
Високиот ѓон на патиките и понатаму е во мода, но оној мазниот, што ја следи линијата на патиката.
Гломазните, ребрасти ѓонови прават ногата да изгледа покусо, подебело и веќе не се во мода.
Сребрени и златни патики
Металик патиките во сребрена и златна боја не треба да ги носат ни мали деца, камо ли жени со стил.
Едноставно - заборавете дека постојат.
Патики-чорапи
Овие патики беа хит во 2020-тата и таму треба да останат - еластичниот материјал и белите ѓонови се (визуелно) лоша комбинација.
Премногу шарени патики во дречливи бои
И патиките во дречливо бои со многу натписи и шари на нив треба да бидат дел од минатото.
Според стилистите, тие делуваат непривлечно и го крадат фокусот од целата останата гардероба.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





