Ви се скрши нокт? Ова е идеалното решение
Ако сте девојка која постојано се бори за да ги одржи негуваните и долги нокти, добро познат ви е проблемот со кршење и напукнување на најсовршениот нокт.
За следен пат да не морате да го скратите и турпијате со часови, ова е идеалното решение.
Сè што ви е потребно е само една кесичка од чај, неутрален лак и лак во силна боја.
Прв чекор
Од кесичката чај исечете мало парче хартија, двојно помало од вашиот нокт.
Втор чекор
Намачкајте го ноктот со провиден лак, а пред да се исуши внимателно залепете го парчето хартија. Оставете го лакот добро да се исуши.
Трет чекор
Премачкајте ги ноктите со омилениот лак. Целиот процес повторувајте го сè додека ноктот не израсне доволно долг за да можете да го скратите.