Негувајте го телото со слатка тиква
Слатката тиква е еден од најквалитетните намирници, со потекло од тропскиот дел на Америка. Богата е со калиум, фосфор, калциум, како и бета каротен, протеин А, Б витамини и Ц.
Заради нејзиното благотворно дејство на кожата и лековитоста која ја поседува, тиквата може да ја користите во секојдневната нега на телото и лицето. Еве што можете да подготвите во домашни услови:
Пилинг - Кожата исчистете ја со млеко, па исплакнете ја со млака вода. Измешајте парче тиква со лажица мед, шеќер и сок од портокал, а потоа смесата нанесете ја на лицето со кружни движења. По 10 минути исплакнете со млака вода и нанесете маска.
Маска за масна кожа - Парче тиква, слива и половина крушка измешајте ги во блендер, а потоа додајте лимонов сок. Ако маската е многу течна, додајте малку пченично брашно за полесно да ја нанесете.
Маска за сува кожа - Парче тиква, слика и половина крушка овој пат измешајте со една жолчка и лажица павлака. Густината повторно регулирајте ја со пченкарно брашно.
Маска за нормална кожа - Измиксирајте иста количина тиква, крушка и слива со мед, а потоа исцедете го сокот. Во газа оставете го само густиот дел од плодовите, а потоа прекријте го лицето.
Купка за тело од тиква - Измешајте половина тиква и додајте една лажица мед и цимет. Доколку имате сува кожа додадете и малку павлака. Прво направете го пилингот, добро истуширајте се а потоа додајте ја купката за тело во млака вода. По купката задолжително истуширајте се и нанесете хидратантно млеко за тело.
Би можело да ве интересира:





