Ригорозна селекција: Како се станува ангел на Викторијас Сикрет?

Креативниот директор на Викторијас Сикрет, Софија Неофитоу-Апостолоу, неодамна за британскиот Вог откри каква ригорозна селекција минуваат ангелите за да настапат на гламурозната ревија.

rigorozna-selekcija-kako-se-stanuva-angel-na-viktorijas-sikret-01

„Сите мораат да поминат низ процес на строга инспекција, дури и нашите врвни модели. За нив тоа е неверојатно стресно, па дури и малку застрашувачко. Најпрво минуваат пред очите на Џон Фајфер, а потоа излегуваат пред комисијата чии членови седат и ги чекаат да се појават под силните рефлектори. Моделите излегуваат во костими за капење и шетаат напред-назад.“

За обичната девојка тоа е ноќна мора, објаснува таа. На пример, замислете се во долна облека и да треба да се појавите пред 20 луѓе кои ги следат сите ваши линии на телото.

Софија, која минатата година ја исфрли од селекцијата Кејт Аптон, најпопуларниот и најуспешен модел за 2013 година, објаснува: „Изгледа како жена на фудбалер, со премногу руса коса и со лице кое секој може да го има.“

rigorozna-selekcija-kako-se-stanuva-angel-na-viktorijas-sikret-1

Моделот Линдзи Елингсон кажува дека пред подготовката за Божиќната ревија најавена за 10 декември, упорно се обидува да накачи некој килограм, заради тоа што ниту еден ангел на овој бренд не смее да биде премногу слаб.

„Мислам дека облините се многу поженствени и посекси од слабото тело. Затоа и упорно се обидувам да ги добијам.“

За разлика од неа, Адриана Лима се жртвува неколку месеци пред ревиите. Ригорозни тренинзи, овошни шејкови и течна храна се она што таа практикува само неколку недели пред гламурозното шоу.

Би можело да ве интересира:

Само Блејк Лајвли може да блеска во цветни комбинации од глава до пети – храбра кралица на модата Во еден ден се појави во 4 цветни аутфити - Блејк Лајвли изгледа прекрасно во ст...
8 грешки со кои си ја уништувате есенската и зимската облека Ставате премногу омекнувач и не ги носите палатата на хемиско, туку ги перете во...
Убавата велешанка Татјана (21) доминираше на ревија на светски бренд во Франција (видео) Нашата Татјана Јанушева - Тати (21), која веќе неколку години гради интерна...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)? Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна обл...
Која е младата грофица што ги засени и најубавите жени на Модната недела во Милано? Изгледа како бунтовна и модерна Грејс Кели, а никој не останал рамнодушен на неј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg