Идеален костим за капење според обликот на телото
Секоја девојка има различна форма на тело. Постојат предели кои девојката сака да ги истакне или пак да ги покрие. Затоа, кога се купува костим за капење треба внимателно да се одбере типот, формата, бојата.
Постојат неколку правила кои треба да се запазат при изборот на соодветен костим за капење.
Јаболко
Девојките кои лесно качуваат килограми во пределот на стомакот, припаѓаат на оваа категорија. Треба да се избегнуваат модели кои не обезбедуваат потпора, како и исечени костими кои го истакнуваат стомачниот предел.
Треба да барате костими кој имаат вградено систем за затегнување. Со тоа ќе го постигнете ефектот на облини кои претходно не постоел. Колор блокинг е исто уште еден начин со кој може да се постигне овој ефект играјќи се со боите.
Круша
Типична девојка со овој тип на тело е помала во горниот дел, а поголема во долниот. Главниот проблем е како да се направи илузија на складно тело. оделите на костими за капење кои се заврзуваат со врвци ги прават тие делови уште поголеми и не ја обезбедуваат потребната потпора.
Моделите кои се во форма на здолништа се правиот избор за овој тип на тело. На овој начин ќе изгледате потенки во тој предел. Горниот дел треба да биде впечатлив со некој дезен или украси за да се привлече вниманието.
Превртен триаголник
Девојките кои се големи во горниот предел, односно имаат широки раменици и големи раце треба да избегнуваат горни делови кои се без прерамки.
Нив им се потребни горни делови со добра потпора и со широки прерамки.
Песочен часовник
Ова се смета за идеалната женска фигура, но сепак постојат модели кои не им одговараат на овој тип девојки. Се работи за костими кои не се пропорционални во двата дела, и што може визуелно да ги зголеми некои делови на телото кои во суштина се со нормален изглед.
Во овој случај треба да се запази едно едноставно правило, да се изберат костими кои подеднакво ќе ги истакнуваат деловите на телото.