Како да го негувате лицето со зелена салата?
Зелената салата може да се користи за нега на телото. Ви ги претставуваме рецептите со кои зелената салата ќе ја претворите во идеална козметичка состојка.
Салатата е диетална намирница богата со растителни влакна и помага во намалувањето на холестеролот, а корисна е и при превенција на запек. Се состои од речиси 95% вода, богата е со минерали и витамини, а има и млечен сок кој ја ублажува болката.
Облоги за хидратација на кожата
Ставете неколку свежи листови зелена салата во жешка вода, исцедете ги и оставете ги да се изладат. Ставете на лицето два до три слоја листови и оставете ги да делуваат 20 минути.
Лосион против мозолчиња
Земете 30 грама листови салата, варете ги на тивок оган околу 30 минути. Потоа водата исцедете ја и лосионот за кожа, особено за врат и лице е готов. Подготвениот лосион од зелена салата може да се користи два до три дена. Чувајте го во фрижидер. Лосионот нанесувајте го со памук на утро и навечер.