Трикови за брзо и лесно виткање на косата

За да имате бујна и виткана коса не ви требаат витлери, пегли ниту пак фигаро. Сè што ви е потребно се неколку едноставни трикови и чекори кои ќе ве доведат до совршена неодолива коса за само неколку минути.

trikovi-za-brzo-i-lesno-vitkanje-na-kosata-01

Дамите кои се љубителки на локните повеќе нема да треба да се справуваат со разни пени и средства за извиткување на влакното. Откријте ја едноставната техника на совршените локни.

Направете свој летен спреј за коса

Измешајте 2 шолји топла вода, 1 лажичка морска сол, 1 лажица кокосово масло и 1 лажица гел за коса или балзам. Сите состојки ставете ги во пластично шише со распрскувач и добро промешајте. Нанесете на влажна коса, поделете на неколку прамени и со прстот направете крукчиња кои ќе ги прицврстите со шноли на коренот на косата. Оставете да се исушат и пуштете ги локните.

Дефинирајте ги локните

Откако ќе го направите овој мал трик дефинирајте ги локните со малку спреј за зацврстување. Погрижете се секој прамен да добие идентична форма и цврстина.

Или пак спроведете го трикот со трака за коса

На исчешлана и влажна коса ставете еластична трака. Прамен по прамен виткајте го околу траката која ќе биде високо поставена, додека не дојдете до крајот кој ќе го зацврстите со шноличка. Оставете ја косата да се исуши, а пото симнете ја траката. Внимавајте, пред да ја пуштите косата мора да биде целосно исушена за да ја задржи својата форма.

trikovi-za-brzo-i-lesno-vitkanje-na-kosata-1

trikovi-za-brzo-i-lesno-vitkanje-na-kosata-2

trikovi-za-brzo-i-lesno-vitkanje-na-kosata-3

Би можело да ве интересира:

Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Balenciaga продава обетки од 840 евра: Би носеле ли клучеви на ушите? „Што отвораат овие клучеви?“ Вака се шегуваат корисниците на социјалните мрежи, ...
5 типа обувки кои ќе бидат во тренд до крајот на зимата Од спортски патики со голема платформа, до тренди чизми - Какви обувки ќе бидат ...
9 модни детали кои додаваат години и поради кои изгледате постаро отколку што сте Здолништа до под колено, обувки со дебели потпетици, брошови - кои се најголемит...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg