Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Модерно и секси кимоно

Пенелопе и Моника Круз, кои креираат за шпанскиот бренд Манго, за пролет/лето 2009 предлагаат фустани инспирирани од Јапонија. На Манго модната...

 

...ревија во Бања Лука, беа прикажани фустаните кои наликуваат на кимона, а јапонските мотиви се доминантни и на останатите креации и модни додатоци.

"Сестрите Круз креираа ограничена серија во која има и класични одела за жени, но и провокативни мини здолништа во духот на седумдесетите години", изјавила менаџерката на Манго за јавноста. Освен сестрите Круз, креации за Манго креираа и Сандрина Фасоли и Адам Липс.

sestrite-kruz-da-za-seksi-kimono1

Фасоли издизајнира 11 уникатни парчиња на облека. Пастелните бои се комбинирани со црна, а од материјали користи свила и шифон. Најчесто се работеше за парчиња кои се вреќасти и набрани.

sestrite-kruz-da-za-seksi-kimono2

Славниот американски креатор Адам Липс пак, инспирацијата ја пронајде исто така во седумдесетите години. Тој дизајнираше урбана колекција во која преовладуваше комбинацијата помеѓу секојдневната гардероба со свечената. Како посебно интересни се паметат неговите долги фустани со рачно исцртани дезени.

sestrite-kruz-da-za-seksi-kimono3

sestrite-kruz-da-za-seksi-kimono4

И оваа сезона модерни се панталоните со висок струк, широки колани и вртоглави и тенки потпетици, а од материјалите атрактивни се, во основа, природни и лесни материјали, додека од боите се издвојуваат бела, сива, розе, црвена и зелена.

Би можело да ве интересира:

Maкедонки облечени во тон со своите ќерки (фото) Од исти шапки до исти фустанчиња, некои мајки обожаваат да се облекуваат во тон ...
Златко Јовановски со впечатлива креација за Талија од „Росалинда“: Фустан со пердуви и бисери за Лат... „Моите креации се екстремно тешки, големи и волуменозни, а на ѕвездите кои ги но...
7 детали во облеката кои на сите ни одат на нерви Потполнките на спортските градници постојано се изместуваат и виткаат - или соши...
„Најскапата облека секогаш е изложена напред“ - Поранешни вработени во ZARA откриваат тајни Дали знаете во кој период е најдобро да се упатите во продавниците на ZARA, кога...
Моден двобој: Јелена Карлеуша и Едита во исти хит чизми од брендот Balenciaga Двете српски пејачки истиот модел на чизми го износеа на сосема различен начин. ...
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари) Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg