Време е за ниска пунџа
Во пресрет на летото, полу матурските и матурските вечери за понежниот пол одбравме 8 стилови на ниска пунџа, кои прошетаа по модните писти на големите модни куќи и кои со сигурност ќе бидат сезонски, стилски хит.
Одберете ја онаа која најмногу ви се допаѓа и заблескајте на вашата забава.
Gucci пунџата е инспирирана од периодот на шеесеттите и седумдесеттите и префинетоста на источниот стил.
Ralph Lauren и неговите стилисти „ризикуваа“ со оваа пунџа со строг облик и форма на скулптура, за да се нагласи остатокот од модната комбинација.
Понекогаш моделите во раскошни комбинации изгледаат премногу недостижно, па ваквата едноставна фризура ги приземјува - Altuzarra.
Нежните и женствени комбинации совршено се вклопуваат со оваа растурена пунџа на Bottega Veneta
Девојките кои сакаат да изгледаат шик и тогаш кога немаат доволно време за себе, ја носат токму пунџата на Marni.
Ревијата на Chanel е навистина женствена и лесна, а во такви случаи Karl Lagerfeld сака да користи графика. Така околу оваа пунџа тој додаде бисери кои го надополнуваат конечниот изглед.
Пунџата на Valentino е инспирирана од италијанската ренесанса и жените од тој период.
Chloé за оваа сезона како инспирација ја одбра вечната Twiggy и пунџата која делува сосема лефтерно.