Марија Вујовиќ - Убавица од соседството
Марија Вујовиќ е родена на 19 Мај 1984 година, во Подгорица, Црна Гора. Уште како мало девојче, покажува афинитети и љубов кон се што е поврзано со уметноста. Така, на рана возраст започнува да свири пијано и тоа и е опсесија седум години. Но, и покрај тоа што талентот за музика го поседува во голема мера, сепак на 18 годишна возраст, победува нејзината убавина.
Имено, таа се пријавува за еден локален натпревар за моделирање, во нејзината родна земја и го освојува првото место. Оваа победа и го пробива патот до склучување на првиот договор и соработка со модната куќа Yuki Torii.
Веќе следната година таа се појавува на ревиите на меѓународно реномирани дизајнери, како Alberta Ferretti, Alexander McQueen, Andrew Gn, Dries van Noten, Evisu, Lanvin, Laura Biagiotti, and Maurizio Pecoraro.
Денес, зад себе има успешна кариера и соработка со скоро сите светски, познати креатори. Учествувала на повеќе од 200 модни ревии, носејќи ја облеката на Bulgari, Christian Dior , Yves Saint-Laurent, Dolce & Gabbana, Bill Blass, Carolina Herrera, Diane von Furstenberg, Emanuel Ungaro, Calvin Klein, Christian Lacroix, Donna Karan, Emilio Pucci, и Louis Vuitton.
Нејзините фотографии се насекаде во светските списанија, а еден од познатите проекти на кој работела е календарот на Пирели.
На прашањето зошто го сака моделирањето, таа без размислување одговара: “Сите тие светла, музика, убави луѓе, прескапа облека на твоето тело во кое сите зјапаат... Зарем не е прекрасно?”
Марија е во брак со црногорскиот музичар Марко Вукчевиќ и ја имаат ќеркичката Ирис.