Најнова зимска колекција од Манго '12-'13
Познатиот шпански бренд и оваа зима не престанува да изненадува со одлични идеи за сезоната која следува.
Уште еднаш на самиот почеток на ниските температури покажа зошто е еден од водечките брендови кога станува збор за стилски,а удобни парчиња облека.
Поголем број од моделите имаат класични и по малку машки линии. Хит за оваа зима според Манго се токму широките панталони со висок струк кој не ја исцртуваат женската фигура во комбинација со интересни, струкирани палта.
Монотонијата ја разбиваат штосните џемпери, кошули, наметки и додатоци.
Кога станува збор за вечерните фустани и целосниот изглед, во оваа колекција женственоста е посебно истакната. Еднобојни фустани и високи потпетици, надополнети со малку животински принт или интересни модни детали се уште се на врвот на листата за вечерните излегувања.
Необични отпечатоци, текстури, форми и материјали нека бидат вашиот главен избор за оваа зима. Манго сè повеќе охрабрува кога станува збор за уникатен стил и креативно споени парчиња облека.
-->
|
|
-->
|
|