Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Негувајте ги ноктите

neguvajte-gi-noktite-povekjeИ покрај тоа што трендовите постојано се менуваат, негуваните, цврсти и уредни нокти секогаш се “ин“. Освен што прилегаат на секоја комбинација, тие се...

 

neguvajte-gi-noktite

... одличен моден додаток, затоа што со негувани нокти убавината на рацете е нагласена и без накит.

Без разлика дали се работи за француски маникир, лакирање со впечатливи нијанси на црвена боја или проѕирен зацврстувач, негата на ноктите започнува со грицкалката.

Секогаш треба да ја средите и кожата околу ноктите, меѓутоа внимавајте затоа што нестручно сецкање може да предизвика инфекција.

Тоа е најдобро да го правите со посебни ножички за сечење на кожичките со тенок врв за да имате поголема прегледност. По сечењето следи турпијање, па зависно од квалитетот и цврстината на ноктите потребно е да ја ускладите турпијата. Така на оние со меки и лесно кршливи нокти им се препорачува мека, а метална турпија на оние со цврсти и отпорни нокти.

Меката турпија измијте ја пред секое маникирање за да се спречи размножувањето и ширењето на бактерии. Металните не можат да се мијат толку често.

Турпијата за полирање на ноктите пак, треба да биде што помека за да не се оштети осетливата површина на ноктите.

Кремата за раце која содржи витамин Е е идеална за нега на ноктите и кожичките околу нив. Таа продира длабоко во кожата и ги зацврстува и спречува “листање“ на ноктите.

Отсранувачите на лак за нокти со ацетон иако ги бие лош глас се поделотворни од алтернативните. Помешајте ги со малку вода или масло за нега на ноктите, нема да ја исушат осетливата кожа а брзо ќе го отстранат лакот.

Би можело да ве интересира:

6 комбинации на бои за ефект на „тивок луксуз“ Белата и сребрената се одличен спој, особено за вечерни излегувања, ако сакате д...
Чевли во црвена боја – хит за пролет 2024, вреди да имате барем еден пар Со доаѓањето на пролетта тие се на врвот на листата најпопуларни чевли, внесувај...
8 модни детали кои додаваат години (и изгледате постаро од она што сте) Чизми до под листот на ногата, хулахопки со сјај - некои парчиња облека додаваат...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...
Палта кои ќе бидат хит за есен 2024 Мантилите и кожeните јакни ставете ги на страна... Кои 5 вида на палта се најдоа...
8 модни додатоци со кои секогаш ќе бидете тренди (и вреди да ги платите повеќе) Црната чанта, елегантниот рачен часовник и минималистичкиот накит се модни додат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg