„Како тоалетна хартија“ - Ким Кардашијан стана хит меме со фустанот од забавата по Оскарите
„Зошто носи стуткан чаршаф?“, „Еден од најлошите фустани на вечерта!“ се дел од коментарите за фустанот на Ким Кардашијан, кој е изработен од навистина специфичен материјал.
Ким Кардашијан не присуствуваше на Оскарите, туку само на забавата на Vanity Fair по доделувањето на Оскарите.
За оваа пригода таа се одлучи за бел балски Balenciaga фустан, но фановите не беа воодушевени од нејзиниот избор и таа стана хит меме.
44-годишната ѕвезда се задржа на природна шминка и коса прибрана во висок кок, но тоа што им го привлече вниманието на фановите е материјалот на фустанот.
Некои велат дека изгледа како да носи фустан направен од тоалетна хартија, други, пак, како штотуку да станала од кревет, само се завила со чаршаф и дошла на забавата.
На Инстаграм објавата од изгледот на Ким на профилот на Vanity Fair дел од коментарите се:
„Фустанот ѝ изгледа како искористена и стуткана хартија за фрлање“.
„Дали ова е ќесе за ѓубре или завеса од туш?“
„Тоалетна хартија и ужасен тен во комбинација“.
„Зошто носи стуткан чаршаф?“
„Еден од најлошите фустани на вечерта!“
„Како да е невеста...“
Кликнете на видеото:
Инаку, интересно е што фустанот е изработен од тајвек, кој е 100% синтетички материјал направен од вртени врзани полиетиленски влакна со висока густина, со силна заштитна моќ, и се користи за изработка на заштитна опрема во градежништвото или за пакување во медицината.
На следната страница повеќе фотографии од фустанот на Ким Кардашијан кој поттикна дебата...
Би можело да ве интересира:





