Тексас, сатенско, мини: Како да носите здолниште во зима?

Тексас здолништата се комбинираат со сè – од кошули до џемпери – а изгледаат најдобро во комбинација со високи чизми.

teksas-satensko-mini-kako-da-nosite-zdolnishte-vo-zima-01.jpg

Обично во зима ги прескокнуваме здолништата и ѝ даваме предност на потоплата облека.

Но, со дебели хулахопки, па и хеланки, здолништето може да биде одлично парче за зимските денови. Секако, кога температурите не се премногу ниски.

Со што да ги комбинирате здолништата во зима?

Мини здолниште

Кога носите мини здолниште, важно е да облечете дебели хулахопки – во зависност од моделот на здолништето, може да експериментирате и со хулахопки со дезен.

Мини здолништата изгледаат одлично со популарните UGG чизмички, но и си високи чизми.

За повпечатлив изглед, облечете и меки чорапи што ќе се гледаат од чизмите.

Комбинирајте го здолништето со мек џемпер, ролка или сако за поделовна комбинација.

Комплетирајте ја комбинацијата со капут или палто кои се подолги од здолништето.

teksas-satensko-mini-kako-da-nosite-zdolnishte-vo-zima-02.JPG

Миди здолниште

Миди здолништата изгледаат најдобро со високи чизми.

Како и мини здолништата, можете да ги комбинирате со џемпери и ролки.

Обично не изгледаат најдобро со сако поради должината.

teksas-satensko-mini-kako-da-nosite-zdolnishte-vo-zima-03.JPG

Макси здолниште

Макси здолништата се идеални за поелегантни комбинации со чизми (или штикли) со шпиц.

Најдобро изгледаат со џемпер со иста боја.

teksas-satensko-mini-kako-da-nosite-zdolnishte-vo-zima-04.JPG

Тексас здолниште

Тексас здолништата можете да ги вметнете во зимските комбинации.

Како фармерките, изгледаат мошне добро со џемпери, ролки, па и сако.

Најдобр е да ги комбинирате со високи чизми.

teksas-satensko-mini-kako-da-nosite-zdolnishte-vo-zima-05.JPG

Сатенско здолниште

Кога времето е малку потопло, слободно облечете и сатенско здолниште во зима.

Давајте им предност на подолгите модели кои изгледаат мошне добро со џемпер и едноставни чизми.

teksas-satensko-mini-kako-da-nosite-zdolnishte-vo-zima-06.JPG

Кожено здолниште

Кожните парчиња се идеални за во зима, а поради текстурата, ја освежуваат секоја комбинација. И, можете да ги комбинирате со буквално сè – од кошули до џемпери.

Единствено треба да ја земете предвид нивната должина.

На пример, сако би изгледало подобро со кратко отколку со долго кожно здолниште.

teksas-satensko-mini-kako-da-nosite-zdolnishte-vo-zima-07.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи како да ја вметнете во стајлингот бојата на есен 2024 (фото) Бургунди или бордо е бојата која е хит за есен 2024, а ако немате идеи како да ј...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
Модата на посетителите на „Мажи на годината 2024“ - Која дама модно издоминира? Меѓу присутните се истакна Весна Бруно (60), стоматолог од Куманово, но и д...
Модели на тексас здолништа совшрени за пролетни и летни комбинации Кратки или долги, широки, исканати... со тексас здолништата нема да погрешите. ...
Микро чанти и уште 5 модни парчиња кои е тешко да се носат во секојдневието Џемпери со дупчиња - секогаш мора да размислите што да облечете оддолу и да ви б...
Омилените модни парчиња на Италијанките за топлите летни денови Долги лелеави фустани и облека од лен – што носат Италијанките во лето за да им ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg