„Не доаѓајте со свадбарски аутфит на црвен тепих“ - Маја Кикириткова за грешките кои ги прават гостите на моден настан

„Ме радува фактот што младите не се плашат од експериментирање, внесуваат креатива во своето облекување и се трудат да изгледаат различно, но има и такви кои прават огромни модни утки“ - вели за CRNOBELO.com креаторката Маја Кикириткова.

ne-doagjajte-so-svadbarski-autfit-na-moden-nastan-maja-kikiritkova-za-greshkite-koi-gi-pravat-gostite-na-crven-tepih-01_copy.jpg

Зад нас е уште еден голем моден настан, Shtip Fashion Days, кој годинава се одржа премиерно во градот на текстилот, Штип.

Па, како и на сите претходни модни ревии, модни викенди или модни случувања кај нас, освен колекциите на креаторите, големо влијание привлекуваат и посетителите и како се тие облечени на црвениот тепих.

ne-doagjajte-so-svadbarski-autfit-na-moden-nastan-maja-kikiritkova-za-greshkite-koi-gi-pravat-gostite-na-crven-tepih-07.jpg

Впечатокот секогаш е дека едни се дотерани по најнова мода, други споиле работи што не се споиви, со цел да бидат шик, а трети не се облекле како да се поканети на моден настан, туку како да отишле на обично излегување.

Ова не значи дека за секој ваков настан треба да купувате нова и скапа облека, туку само да го прилагодите стилот на тоа што значи моден настан.

Нашата модна креаторка Маја Кикириткова, која имала многу ревии, била посетител на модни настани, а сега беше и дел од организаторите на Shtip Fashion Days 2024, за CRNOBELO.com ги откри најголемите модни грешки што ги прават посетителите на овие модни случувања, но и кои се најбезбедните комбинации со кои никогаш нема да згрешите.

ne-doagjajte-so-svadbarski-autfit-na-moden-nastan-maja-kikiritkova-za-greshkite-koi-gi-pravat-gostite-na-crven-tepih-09.jpg

Прочитајте ги советите на Маја Кикириткова:

„Облеката која се носи за секој ден, не е и облека за моден настан.

Кога се присуствува на некоја модна ревија, облеката на посетителот треба да биде прилагодена според ревијата.

На пример на ревија на Lacoste не може да се облечете во свечена тоалета или одело. И да, облеката за на свадба, не е облека за моден настан.

ne-doagjajte-so-svadbarski-autfit-na-moden-nastan-maja-kikiritkova-za-greshkite-koi-gi-pravat-gostite-na-crven-tepih-05.jpg

За тоа дали Македонците имаат чувство за мода за вакви настани, можам да пишувам до бесконечност.

Тоа што ме радува е фактот што младите не се плашат од експериментирање, внесуваат креатива во своето облекување и навистина се трудат да изгледаат различно.

Но, има и такви кои прават огромни модни утки.

Најголемиот, проблем кај многумина е што немаат изградено сопствен стил на облекување, па кога присуствуваат на вакви модни настани, талкаат и сето тоа може да изгледа многу невкусно, недолично или смешно.

Потполно е во ред на ваков настан да се дојде во фармерки или патики, ако тоа се искомбинира добро и да не биде комбинација како за на кафе или за во мол.

ne-doagjajte-so-svadbarski-autfit-na-moden-nastan-maja-kikiritkova-za-greshkite-koi-gi-pravat-gostite-na-crven-tepih-08_copy.jpg

Непишано правило за модните случувања е дека треба да се почитува домаќинот, односно брендот каде се присуствува на ревија или организаторот на настанот.

Доколку има наведено дрес код, тој обавезно треба да се запази.

Сум присуствувала на многу настани кај нас каде имало наведено дрес код, а многумина од гостите не го испочитувале.

Исто е и на ревиите. На каква ревија се присуствува - таква креатива треба да се вметне во облеката, а сепак да се задржи сопствениот стил.

И за крај, ако гостинот на моден настан не знае што да облече, никогаш нема да згреши со црн костум или црн фустан разигран со аксесоари“.

ne-doagjajte-so-svadbarski-autfit-na-moden-nastan-maja-kikiritkova-za-greshkite-koi-gi-pravat-gostite-na-crven-tepih-06_copy.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Моден погодок: Две Македонки во аутфити со оскаровски гламур на јахта во Кан Двете пријателки, се вљубенички во модата, а и модата е нивна животна професиона...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
8 грешки со кои си ја уништувате есенската и зимската облека Ставате премногу омекнувач и не ги носите палатата на хемиско, туку ги перете во...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg