Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото)
Мора да напоменам дека како дел од категоријата плус-сајз девојки, во Македонија често се соочувам со дефицит на модели во сите бутици, нешто што во ниедна друга земја не претставува проблем и мислам дека нашиот пазар треба да го земе предвид ова.
Често нарачувам и онлајн бидејќи точно знам каков тип на облека би ми прилегала.
Мојата опсесија со тип на облека варира, па така еден период купував само блузони, како што би рекла другарка ми Андријана дека сите блузони на светот ги купив, потоа само деловни комбинации, а последнава година тотална опсесија ми се шарените фустани, дигресија на правилото дека доколку си плус-сајз треба да носиш исклучиво само црна облека.
Мое модно правило, според кое се водам, е додавање на личен печат на секоја модна комбинација, и дека апсолутно треба да се знае сето тоа смело да се износи до крај.
Би сакала да додадам дека се воодушевувам на убаво средени жени и најмногу ми значи комплимент од жена, бидејќи кога е од жена на жена, знам дека е сосема искрено.
Кај жените, секогаш прво забележувам убаво средени нокти, уредна измиена коса и убава фризура, а потоа сето останато.
Инаку работи без кои не можам дефинитивно под број еден е силниот црвен кармин, по којшто сум препознатлива, и можам да го комбинирам буквално на сè, и дење и ноќе, и зиме и лете.
Честопати знаат да кажат дека и многумина сум охрабрила да носат црвен кармин, иако сметале дека воопшто не им стои, и за крај да кажам секоја чест на тие што ги вратија патиките во мода да се носат со сите модни комбинации.
Порака од мене до сите плус-сајз жени, носете и други бои - на светот постојат и други бои освен црната“.