Цветови, пеперутки: Бајковити креации од овогодишната изложба за Мет галата (фото)
Фустан од пеперутки, креации стари неколку века – погледнете дел од експонатите кои се изложени на овогодишната изложба во музејот Метрополитен која беше отворена со Мет галата.
Иако креациите на славните гости привлекуваат најмногу внимание, Мет галата е настан чија цел е собирање пари за Институтот за костими на музејот Метрополитен.
Со Мет галата се отвора годишната изложба на Институтот при музејот, која годинава ќе трае до 2-ри септември.
Овој пат изложбата е наречена „Заспани убавици: Оживување на модата“ и до септември ќе бидат изложени 250 експонати кои се во сопственост на Институтот за костими.
Изложбата ја сочинуваат креации со историска важност, креации од релативно поново време на понови дизајнери, но и креации кои биле направени за филм, како препознатливиот фустан со пеперутки од вториот дел од серијалот The Hunger Games.
Посетителите ќе имаат можност да видат и парчиња стари и по неколку века, но и креации кои се сметаат за премногу кревки за да бидат облечени.
Ова значи дека овие парчиња единствено можат да бидат експонати во музеј, бидејќи во спротивно ќе се оштетат.
Истовремено, фокусот е ставен на парчиња инспирирани од природата кои се украсени со детали како цветови и инсекти.
Погледнете и: Ким наводно извадила ребра за корсетот, Зендеја смени 2 аутфити: Модата на Мет гала 2024 (фото)
Во продолжение дел од експонатите од овогодишната изложба:
Спирова С. | Црнобело