Како да носите патики со секакви комбинации, без да изгледате смешно?
Летните лелеави фустани комбинирајте ги со патки со поелегантен дизајн, додека спортските модели изгледаат подобро со широки панталони.
Иако се секогаш „ин“, се чини дека периодов патиките станаа дел од буквално сите комбинации, вклучувајќи ги и поелегантните.
Додека пред некоја година не би ни помислиле да комбинираме костим или фустан со патики, денес ова е секојдневие.
Сепак, иако генерално се лесни за комбинирање, кога носите патики сепак треба да обрнете внимание на некои ситници за вашиот аутфит да не изгледа смешно.
Неколку трикови што ќе ви се најдат ако сакате да носите патики:
Не ги комбинирајте само со кратки панталони и маичка
Иако во топлите денови ова е наједноставната и најпрактична комбинација, сепак може да изгледа премногу монотоно.
Пробајте да ја освежите комбинацијата од кратки панталони и патики со некој друг детаљ, како елек, сако, кошула...
Костимите комбинирајте ги со едноставни патики
Костимите можат да изгледаат одлично со патики, но важно е да одберете едноставен модел.
Елегантниот костим ќе изгледа смешно со премногу впечатливи патики или модели кои примарно се наменети за трчање.
Најдобро е да ги комбинирате костимите со бели (или генерално еднобојни патики) кои не се многу гломазни.
Комбинирајте фустани со едноставни патики
И кога станува збор за комбинација од фустан и патики, важно е патиките да бидат поедноставни.
Но, важен е и моделот на фустанот.
Ако е премногу елегантен модел, може да изгледа смешно со патики.
За да ги избегнете грешките, најдобро држете се до памучни и полежерни фустани кога носите патики.
Патиките со платформа изгледаат добро со скоро сè
Патиките со платформа, односно со повисок ѓон, се можеби најлесни за комбинирање, особено ако имаат само една боја.
Овие модели ве прават малку повисоки и визуелно ја издолжуваат ногата, па се одлични и во комбинација со фустани или кратки панталони.
Немојте да ги криете чорапите
Ова е тренд кој бил мошне популарен во 80-тите и 90-тите години од минатиот век.
Белите чорапи одлично ги дополнуваат комбинациите со патики.
Секако, внимавајте чорапите и патиките да не се со многу контрастни бои.
Исто така, чорапите треба да ги кренете најмногу до листовите, односно малку над глуждот.