Како да носите патики со секакви комбинации, без да изгледате смешно?

Кратките здолништа изгледаат подобро со поедноставни патики

Гломазните патики и моделите за трчање не изгледаат многу добро со кратки здолништа.

Во овој случај одберете поедноставни модели, претежно во бела боја.

kako-da-nosite-patiki-so-sekakvi-kombinacii-bez-da-izgledate-smeshno-07.jpg

Високите патики не изгледаат добро со панталони до глуждот

Фармерките чии ногавици се со должина до кај глуждовите се одлични во комбинација со патики.

Но, важно е патиките да не бидат високи бидејќи можат визуелно да ви ги скратат нозете.

kako-da-nosite-patiki-so-sekakvi-kombinacii-bez-da-izgledate-smeshno-08.jpg

Гломазните патики изгледаат добро со широки панталони

Ако облечете тесни фармерки или панталони со гломазни патики, стапалата можат да ви изгледаат преголеми.

Од друга страна, пошироките панталони создаваат совршена рамнотежа.

kako-da-nosite-patiki-so-sekakvi-kombinacii-bez-da-izgledate-smeshno-09.jpg

Лелеавите летни фустани не изгледаат добро со спортски модели

Кога носите широк, лелеав фустан, немојте да го комбинирате со гломазни спортски патики.

Покрај тоа што треба да бидат со поелегантен дизајн, најдобро е патиките да имаат една боја и да не го одвлекуваат вниманието од фустанот.

kako-da-nosite-patiki-so-sekakvi-kombinacii-bez-da-izgledate-smeshno-10.jpg

Држете се до минимализам

Ако на патиките има две или повеќе бои, немојте да ги комбинирате со шарена облека.

Овие модели е најдобро да ги носите со поминималистички комбинации за да не изгледате кич.

kako-da-nosite-patiki-so-sekakvi-kombinacii-bez-da-izgledate-smeshno-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Идеи како да ја вметнете во стајлингот бојата на есен 2024 (фото) Бургунди или бордо е бојата која е хит за есен 2024, а ако немате идеи како да ј...
Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...
Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg