6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци

Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на телото... Кои модни грешки ги прават скоро сите во постудените месеци?

6-modni-greshki-vo-zima-poradi-koi-i-damite-so-stil-izgledaat-nesredeno-01.jpg

Слоевито облекување, широки и дебели парчиња облека, гломазни плетени џемпери, модели кои не ѝ одговараат на вашата фигура... Колку пати сте згрешиле со стилот во есен и зима?

Постојат неколку модни грешки кои ги прават и дамите со стил, а поради кои, делуваат несредено:

Фустан-џемпер

Доколку изберете плетен фустан-џемпер од волница, најверојатно ќе згрешите. Овој фустан е широк, стои „чудно“, ви ја „голта“ линијата на телото.

Наместо тоа, облечете плетен фустан од конец, кој ја истакнува фигурата и во кој ќе изгледате женствено и елегантно.

6-modni-greshki-vo-zima-poradi-koi-i-damite-so-stil-izgledaat-nesredeno-04.jpg

Крзнен капут на врзување

Крзнените капути шират, па колку и да сте слаби, ќе делувате како да имате барем 10 килограми повеќе.

Ако на целиот изглед додадете уште и ремен од крзно, ќе делувате како да сте облекле бањарка, а не капут.

6-modni-greshki-vo-zima-poradi-koi-i-damite-so-stil-izgledaat-nesredeno-02.jpg

Џемпер без форма и копчиња

Ако сакате да покажете дека имате стил, во вашиот плакар не смее да има плетен џемпер без конкретна форма и копчиња.

Овие џемпери делуваат како да „висат“ на телото.

Наместо тоа, изберете плетен џемпер со поконкретна форма, пократок, по можност со копчиња, кој кога ќе го облечете ќе делува елегантно и софистицирано.

Ваквиот џемпер може да се комбинира и со фустан и со фармерки.

6-modni-greshki-vo-zima-poradi-koi-i-damite-so-stil-izgledaat-nesredeno-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Широки фармерки, палта, необични очила: Каков е стилот на Тамара Тодевска кога не е на сцена? Модниот стил на Тамара Тодевска на сцената и во приватниот живот не се разликува...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Плетен џемпер - парче облека кое мора да го имате оваа есен 2024 (фото) Оваа есен ништо не е пошик од плетениот џемпер, без оглед дали ќе купите нов или...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg