Мајка и ќерка во тон: Ана од Скопје и Оланна (4) живеат во Норвешка и имаат кул моден стил
„Желбата за модно усогласени комбинации со мојата 4-годишна ќеркичка Оланна постоеше уште пред таа да се роди. Почнав сосема случајно да купувам облека во тон за мене и неа“, вели Ана Најдовска од Скопје, која со сопругот и ќерката живее во Осло.
Ана Најдовска од Скопје со сопругот и ќерката живее во стан во Осло, Норвешка, но неретко ја посетува својата родна Македонија.
Со ќеркичката често сака да е облечена во тон, а за CRNOBELO.com споделува детали за нивните модно усогласени комбинации.
Ана за CRNOBELO.com вели:
„Желбата за модно усогласени комбинации со мојата 4-годишна ќеркичка Оланна постоеше уште пред таа да се роди.
Почнав сосема случајно да купувам облека во тон за мене и неа, и тоа секогаш изгледаше преслатко на слика или видео.
Процесот на бирање „matching outfits“ и не е така едноставен, одзема доста време.
Поради тоа и не сум некој фанатик дека мораме да бидеме секогаш модно усогласени, но ако некое парче облека ми се допаѓа мене и случајно забележам дека има исто за неа, тогаш дефинитивно купувам и за двете.
Не претерувам во тоа, и не ми е приоритет. Најчесто модно усогласените комбинации се случуваат спонтано, ќе се облечам прво јас, па потоа ќе изберам што ќе носи Оланна, за да бидеме во тон.