Модата на првата вечер од Скопски моден фестивал 2023: Што облекоа посетителите? (фото)
- Детали
- петок, 29 септември 2023
Миа Костова со Тијана и Сергеј Варошлија модно издоминираа со црни аутфити и очила за сонце, Александра Шијакоска се одлучи за Барби корсет, а водителката и инфлуенсерка Нина Ред блесна во црн фустан со отсечоци и светкави делови. Посетителите на првата вечер од Скопски моден фестивал низ објективот на CRNOBELO.com.
Вчера (28.09) се одржа спектакуларно отворање на „Skopje Fashion Festival“ (Скопскиот моден фестивал) во дискотеката „PURE“, а на првата вечер свои ревии имаа дизајнерката Елена Лука, потоа новиот бренд Сербез (Serbez) имаше деби ревија и на крај одново пред нашата публика со ревија се претстави косовската дизајнерка Илка Брада (Yllka Brada).
Се славеше модата со овој настан, кој се одржува традиционално веќе трета година по ред и е дел од препознатливите културни збиднувања во градот Скопје.
Самиот избор на локација за годинешното случување, една од нашите најпознати дискотеки, му даде нов шарм на настанот и една нова нота на лежерност, каде посетителите можеа да уживаат во моделите кои ги видоа на пистата, додека го консумираат својот омилен пијалак и се забавуваат со пријателите.
Меѓу ревиите имаше забава со диџеи, а по ревиите забавата ја заокружи младиот пејач Дарко Гроздановски.
На настанот имаше познати личности, инфлуенсери и многу вљубеници во модата.
Од класични аутфити обоени во црно до храбро експериментирање со модните трендови, кај присутните можеше да се види апсолутно цела палета од модни изданија и вкусови.
Кој остави најсилен впечаток, проценете преку тоа што го улови објективот на фотографот на CRNOBELO.com, Александар Ристовски.
Денес (29.09) ќе се одржи втората вечер од Скопскиот моден фестивал, а утре е круната со третата и последна вечер, која ќе биде во склоп на Бела ноќ.