Треба ли да му се вратите на бившиот? Добрите и лошите страни на обновувањето на пропаднатата врска

Дали сте и вие од оние луѓе што жалат за минатото и пропаднатите врски? Тајно мечтаете дека поранешниот партнер ќе ве побара еден ден и ќе сака да се смирите, со предлог да ѝ дадете нова шанса на љубовта што некогаш сте ја имале...?

treba-li-da-mu-se-vratite-na-bivshiot-dobrite-i-loshi-strani-na-vrskata-so-partnerot-shto-ednash-propadnala-01.jpg

Ако сте ја прекинале врската со поранешниот партнер, тоа не значи дека немало љубов меѓу вас. Но, едноставно, некои работи не оделе како што треба.

Сакате ли повторно да се вратите на старите навики и на истите проблеми? Или се надевате дека вториот (а можеби и третиот пат) работите ќе бидат поинакви?

„Новата шанса на поранешниот може да е добра идеја само ако во меѓувреме сте имале простор да заздравите, да ги разберете причините за прекинот и ако тие не биле премногу повредени до степен да ве уништат психички“ - вели лиценцираниот психотерапевт и советник Бет Гулота.

Па, ако навистина се случи да ве побара бившиот и да побара втора шанса, што треба да направите?

Според најдоброто сценарио, и вие и тој во меѓувреме сте созреале и појасно ви е што сакате од врската, но и како би се смениле сега, ако ѝ дадете нова шанса на љубовта.

Според најлошото сценарио, пак ќе се соочите со истите прашања што ве наведоа да раскинете првиот пат.

Но, овојпат емоционалната болка може да биде полоша.

treba-li-da-mu-se-vratite-na-bivshiot-dobrite-i-loshi-strani-na-vrskata-so-partnerot-shto-ednash-propadnala-05.jpg

„Ако се враќате на истите стари шеми и начини на решавање на конфликтот, тогаш не ни помислувајте да се смирите со бившиот.

Ние луѓето сме склони да ги повторуваме истите шеми на однесување. Брзо забораваме на проблемите, ама кога тие ќе се појават пак, имаме тенденција да се вратиме на старото однесување – критики, коментари, љубоморни испади, префрлање – што и да е она што довело до раскинување и првиот пат.

Ако не сте спремни да се смените, по некое време очекувајте го истиот исход и од втората шанса“ - вели Гулота.

Сличен став има и психотерапевтот Џек Хазан. Според него важно е внимателно да размислите пред да му се вратите на вашиот поранешен партнер.

„Секојпат кога парот ќе раскине, а потоа ќе реши да се врати заедно, веројатноста за конфликт и ментална вознемиреност се зголемува“ - вели Хазан.

Хазан и Гулота имаат неколку совети за тоа што треба да направите, но и двајцата се сложни дека секоја врска е поинаква, секој човек размислува индивидуално, па крајната одлука е сепак ваша, според тоа што сте искусиле во врската.

treba-li-da-mu-se-vratite-na-bivshiot-dobrite-i-loshi-strani-na-vrskata-so-partnerot-shto-ednash-propadnala-04.jpg

Дел од нивните совети:

Правете ги работите бавно

Само затоа што имате историја со некого, не значи дека треба да ги прескокнете основните фази кога ја обновувате вашата врска.

Всушност, според Хазан, сега треба да одите двојно побавно и да си дадете време.

„Одвојте време да процените како се чувствувате кога сте со него/неа и дали ви е убаво времето поминато заедно. Брзањето и враќањето на старите начини од врската нема да дозволат да ви се случи промена и раст вториот пат“.

Според Гулота потребно е време да се изгради довербата.

„Ако тоа се случи, тогаш навистина ќе сакате да се вратите на бившиот“.

treba-li-da-mu-se-vratite-na-bivshiot-dobrite-i-loshi-strani-na-vrskata-so-partnerot-shto-ednash-propadnala-03.jpg

Не игнорирајте зошто раскинавте

Можеби најважната работа што треба да ја имате предвид кога се враќате на бившиот е да се сетите зошто раскинавте и да не го игнорирате тоа.

„Обновувањето на врската може да предизвика чувство на нов почеток. И таа овојпат може да е подобра од порано.

Но, ако и понатаму ве мачи прашањето зошто раскинавте и дали ќе исчезнат проблемите од минатото, тогаш нема да можете едноставно да одите понатаму.

Бидете искрени со себе, одржувајте комуникација и размислете што е најдоброто решение за вас“ - вели Хазан.

Разговарајте за тоа што тргнало наопаку првиот пат

Клучно е да бидете отворени за работите што тргнале наопаку минатиот пат. Разговарајте за ова. Бидете искрени за тоа што можете да направите за овој пат да ги избегнете истите конфликти.

Дали треба да воспоставите нови граници? Или да најдете начин да си ја зголемите довербата? Сите овие прашања, според Гулота, се важни за да дојдете до конкретни одговори.

„Овој разговор не треба да се претвори во игра за обвинување. Само треба да ви помогне да стекнете длабоко разбирање за она што се случило во минатото за да можете да ја подобрите вашата иднина заедно“ - смета Гулота. Не се задржувајте на гневот и незадоволството од минатото.

treba-li-da-mu-se-vratite-na-bivshiot-dobrite-i-loshi-strani-na-vrskata-so-partnerot-shto-ednash-propadnala-02.jpg

Прочитајте повеќе совети на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg