Знаци дека за еден пар по свадбата (најверојатно) доаѓа развод

Ако едниот партнер не покажува апсолутно никаков интерес за планирањето на свадбата, најверојатно така ќе се однесува и во бракот. Кои се другите знаци дека парот нема да издржи долго по венчавката, според организатори на свадби?

znaci-deka-parot-najverojatno-kje-se-razdeli-po-svadbata-spored-organizatori-na-venchavki-01.jpg

Планирањето венчавка е среќен, но и многу стресен период од животот, па може да биде одличен тест за парот.

Ова го тврдат и неколку организатори на свадби од САД, кои за Insider откриваат кои се ситниците во односот на партнерите при организирањето на свадбата што покажуваат дека најверојатно ќе се разделат.

Нивните предупредувачки знаци во продолжение:

Партнерите имаат потполно различно мислење за буџетот за свадбата

Леора Солејмани вели дека во деветте години што работи како организатор на венчавки, најголемиот предупредувачки знак што го забележала кај младенците е несогласувањето во врска со буџетот.

„Многу парови, почесто невестите, не се реалистични за она што можат да си го дозволат.

За момент заборавете на свадбата – ако едниот партнер лета во облаци во врска со она што може да си го дозволи, замислете го нивниот живот во иднина“.

Таа истакнува и дека разговорот за буџетот за свадбата е огромен тест за сите парови.

znaci-deka-parot-najverojatno-kje-se-razdeli-po-svadbata-spored-organizatori-na-venchavki-02.jpg

Партнерите не се почитуваат

„Голем предупредувачки знак е кога не се почитуваат – момчето или невестата ќе сака одредено нешто, а другиот партнер ќе го понижи, наместо да рече ’Ајде да разговараме и заедно да најдеме решение‘.

Навистина гледам многу врски кои не се воопшто здрави и секогаш се прашувам дали ќе издржат“.

znaci-deka-parot-najverojatno-kje-se-razdeli-po-svadbata-spored-organizatori-na-venchavki-03.jpg

Едниот партнер е потполно незаинтересиран за планирањето

„Имам соработувано со неколку парови каде што невестата е заинтересирана за планирањето и деталите од венчавката, додека момчето не покажува никаков интерес“, открива организатор на венчавки кој сакал да остане анонимен.

Тој вели дека иако е нормално едниот партнер да се ангажира повеќе, кај среќните парови, и другиот партнер пробува да помогне колку може.

„Работев со пар каде што момчето не беше воопшто вклучено во планирањето, до тој степен, што се запрашав дали девојката воопшто има свршеник“.

znaci-deka-parot-najverojatno-kje-se-razdeli-po-svadbata-spored-organizatori-na-venchavki-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg