„Имав секс постојано, но одлучив да бидам во целибат цела година - како ми се промени животот?“
Бренда од САД постојано се трудела да го најде вистинскиот, а имала и т.н. пријатели за секс и се задоволувала со врски со мажи кои не ѝ се посветуваат комплетно, но одлучила да стави точка на сето тоа. Го споделува своето искуство...
Бренда Oсорно (30) од САД вели дека порано постојано имала секс, но во 2022 година одлучила да биде во целибат и да си ја посвети цела година на себе и своето добро.
Претходно, таа одела дури и на по 3 состаноци неделно за да го најде вистинскиот, а имала и т.н. пријатели за секс, на кои им се јавувала понекогаш.
Но, по последната пропадната врска, со маж кој не сакал комплетно да ѝ се посвети, Бренда се одлучила за драстични промени во нејзиниот живот.
Наместо со фокус на момци и секс, таа си го исполнувала секојдневието со друг тип на активности и тоа бокс, танцување, кошарка и градење кариера како стендап комичарка.
Откако се посветила на други активности, вели дека месеците буквално почнале да ѝ летаат.
Иако, признава дека бакнала тројца момци во текот на 2022, сепак годинава во јануари 2023 година прославила една година без секс.
Бренда вели дека ова искуство ѝ ја подобрило самодовербата:
„Како многу луѓе во 20-тите години и јас работев напорно и одев на љубовни состаноци, но дури и кога не го наоѓав тоа што го барам, се тешев дека сум во ред со тоа што сум со некој дечко кој сака врската да ни биде кежуал.
Но, потоа си реков зошто да го правам тоа, наместо да се фокусирам на тоа што јас сакам навистина.
Почнав да си го полнам распоредот со разни активности и си зададов мисија секој ден да пробувам нешто ново, тоа беше еден вид на терапија што си ја правев на самата себе.
Целибатот ми даде нова смисла – почнав да вежбам и во животот ги правев работите што ги сакав.
Сфатив дека сум одела на состаноци само за да добијам некаква потврда за мојата вредност.
Кога сум во врска сфатив дека дозволувам да сум комплетно посветена на другата личност, а сега откако сум сама дојдов до заклучок сека сум незапирлива и дека не морам да се објаснувам никому освен на себе и на мојата мајка.
Планирам да го правам ова сè додека не сретнам некој навистина специјален со кој веднаш ќе почувствувам поврзаност.
Мислам дека повеќе луѓе треба да се обидат со целибат, ќе ви даде вистинска промена во животот и откривање на нови интереси.“
С. С. | Црнобело