„2 години имам афера со шефот: Тој не сака да се разведе, јас не сакам да му раскинам – што да правам?“

„Една вечер работевме до доцна и тој ме покани на пијалак. Me однесе дома и за првпат имавме секс во автомобилот – не можевме да ги тргнеме рацете еден од друг. Сега имам чувства, а тој вели дека сум му важна, но дека никогаш нема да ја остави сопругата“. Познавате ли некој во ваква ситуација?

2-godini-imam-afera-so-shefot-toj-ne-saka-da-se-razvede-jas-ne-sakam-da-mu-raskinam-shto-da-pravam-01.jpg

На сите им е јасно дека врските на работното место може да создадат големи проблеми, а нештата стануваат уште покмплицирани кога станува збор за врски без иднина, односно афери со партнер кој веќе е во брак.

Оваа млада Англичанка упати писмо до колумнистката Дидре во весникот The Sun каде зборува за својата афера со оженетиот шеф и бара совет за тоа што да направи.

Нејзиното писмо ви го пренесуваме во целост:

„Имам афера со мојот оженет шеф и секојпат кога се обидувам да ставам крај на врската, повторно пак завршувам со него.

Имам 33 години, а тој 45 и почнавме афера пред 2 години.

Една година претходно почнав да работам за компанијата и бев мошне возбудена што ја добив работата од соништата во маркетинг секторот, откако претходно неколку години се трудев да најдам вработување.

Првиот ден кога го запознав, се сеќавам дека почувствував огромна привлечност, затоа што е мој тип – висок, русокос и згоден.

Прво не верував дека може нешто да се случи меѓу нас, затоа што тој е оженет, но брзо сфатив дека и јас му се допаѓам.

Ме викаше често во неговата канцеларија и измислуваше задачи како изговор за да разговара со мене.

Често ми се случуваше да забележам како ме гледа кога сме во иста просторија и се чувствуваше напнатост меѓу нас.

Една вечер работевме до доцна и тој ме покани да одиме на пијалак.

Потоа инсистираше да ме однесе дома и тогаш за првпат имавме секс во автомобилот – беше невозможно да ги тргнеме рацете еден од друг.

Оттогаш постојано се гледаме во тајност, кога и да имаме можност за тоа.

Иако се договоривме дека ова ќе биде врска само за секс, јас имам чувства и вљубена сум во него.

Тој вели дека сум му важна, но дека никогаш нема да ја остави сопругата.

Не знам што да правам. Не сакам да ставам крај на аферата, но сфаќам дека тоа не е добро за мене.

Секојпат кога ќе се обидам да се оддалечам од него, кога ќе го видам на работа не можам да му одолеам.

Што да правам?“

2-godini-imam-afera-so-shefot-toj-ne-saka-da-se-razvede-jas-ne-sakam-da-mu-raskinam-shto-da-pravam-03.jpg

Одговорот што Дидре ѝ го дава е очекуван, но опфаќа повеќе важни работи:

„Ова ќе продолжи сѐ додека еден од вас не одлучи да стави крај.

Знаеш дека не е во ред и иако е јасно зошто ти е тешко да ставиш крај на аферата, мора да сфатиш дека таа не ти дава да продолжиш понатаму.

Чувствата што ги имаш за него не ти дозволуваат да сретнеш некој нов со кого би можела да имаш иднина“ – вели таа.

Понатаму Дидре се концентрира и на авторитетот што тој како шеф го има над неа.

„Сама велиш дека долго време си го посакувала ова работно место, но сега не можеш да работиш добро затоа што постојано си дефокусирана заради аферата, којашто на крај може да ви го наруши угледот на работното место.

Исто така, добро е да ја провериш добро и политиката на компанијата за врските на работното место затоа што можеш да се најдеш во непријатна ситуација ако се дознае“ – вели таа.

Што мислите вие? Може ли да се остане на истото работно место откако претходно сте имале афера со шефот или оваа девојка ќе мора да даде отказ?

Б. С. Б. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg