Едно прашање со кое може да откриете дали новиот дечко сака сериозна врска, според експерт (видео)
„Мажите можат да ви го кажат токму она што сакате да го слушнете па ако ги прашате директно: ‘што очекуваш од врската’ тие ќе ви го кажат она што сакате да го слушнете“ – вели експертот за врски Луен Ворд. Кое прашање треба да го поставите за да добиете целосно искрен одговор?
Почнувате нова романтична врска и сакате да знаете дали вашиот нов партнер бара сериозна врска или пак само минливи авантура, а не знаете како да го прашате.
Експертот за врски Луен Ворд и професионален стројник има еден совет за тоа како веднаш да добиете искрен одговор.
Австралискиот експерт за врски Луен Ворд на социјалните мрежи сподели интересен совет за сите оние што сакаат да добијат искрен одговор од новиот партнер за тоа што бара од врската.
Според неа нема потреба да го прашувате партнерот: „каква врска бара“, туку да му поставите малку поинакво прашање, за да добиете целосно искрен одговор.
„Мажите можат да ви го кажат токму она што сакате да го слушнете па ако ги прашате директно: ‘што очекуваш од врската’ тие ќе ви го кажат она што сакате да го слушнете, но ако навистина сакате да знаете дали има сериозни намери треба да го поставите следното прашање: ‘да беше на мое место што би направил ако бараш сериозна врска?’“ – советува таа.
Според неа врз основа на одговорот можете да знаете дали тој има сериозни намери или бара само минлива авантура, а тоа што прашањето го поставувате како барање за совет ќе го натера да биде целосно искрен.
Претходно таа сподели уште еден совет за сите сингл жени и рече дека најголема грешка што жените ја прават е тоа што се прават недостижни и сакаат мажите да ги прогонуваат по само еден или два состаноци.
„Во тој момент тој сѐ уште не одлучил дали е заинтересиран за вас или не. Не играјте игри, дајте му можност да одлучи дали сака да ве прогонува“ – вели Луен.
Б. С. Б. | Црнобело