Очекувате да прават сè за вас и уште 5 однесувања со кои (несвесно) ги плашите мажите
Ако сте во релативно нова врска, а веќе му зборувате на партнерот за брак и деца, голема е веројатноста да го исплашите.
Како што жените имаат одредени очекувања од мажите, важи и обратното.
За една врска да функционира, важно е и двајцата партнери да работат на неа, да прават компромис, но и да бидат реалистични со нивните очекувања.
Ако долго време сте сингл (не по ваша желба) и сте забележале дека партнерите се однесуваат како да се плашат, па дури и да бегаат од вас, можеби треба да обрнете внимание на вашето однесување.
Во продолжение шест однесувања со кои можеби несвесно ги плашите мажите:
Ги „бркате“
Ако некој не ви се допаѓа и му го кажете тоа, веројатно не би сакале да продолжи да се обидува да ве освои.
Истото важи и за мажите.
Ако упорно се обидувате да го освоите секој маж што ви се допаѓа кога тој не покажува интерес за вас, дефинитивно ќе го исплашите, па дури да имал и мал интерес за вас, и тој ќе исчезне.
Ги ставате на пиедестал
На почетокот од врската, сите ги гледаме партнерите како совршени личности. Уште не ги познаваме добро и сметаме дека немаат ниту една маана.
Иако ова размислување е сосема нормално на почетокот, немојте да го возвишувате новиот партнер и да го ставате на пиедестал.
Од негова перспектива, ова може да изгледа како да сте опседнати со него и постои веројатност да го исплашите.
Очекувате тие да прават сè за вас
Сите имаме одредени очекувања од нашиот партнер, без разлика дали сме во нова или подолга врска.
Но, мора да бидете реалистични со овие очекувања.
Не можете да очекувате партнерот да прави буквално сè за вас и да ги исполнува сите ваши желби и барања.
Уште полошо ако вие не правите ништо за него додека очекувате да ве третира како кралица.
Брзате
Ако сте излегле на два-три состаноци со некој дечко/маж, а притоа не сте разговарале дали сте во врска, немојте да кажувате дека тој е вашето момче.
Ако, пак, сте во релативно нова врска, немојте да зборувате за брак, деца и слични големи животни одлуки ако не сте сигурни дали и партнерот ги сака истите работи толку рано.
Мора да си дадете време да се запознаете подобро, да научите повеќе работи еден за друг и, со текот на времето, и двајцата ќе сфатите дали сакате врската да се претвори во нешто повеќе.
Ако брзате со овие важни животни прашања, сосема возможно е да го исплашите партнерот и да останете без него.
Па, бидете трпеливи.
Постојано сте негативни
Сите имаме лоши денови и тоа е сосема нормално.
Но, ако сте постојано негативни, ако постојано му се жалите на партнерот за сè и сешто и ако никако не може да ви удоволи, бидете сигурни дека ќе го исплашите.
Ако навистина сте несреќни и постојано се чувствувате депресивно, тогаш можеби треба да поразговарате со професионалец.
Постојано зборувате
Сосема во ред е ако сте зборлива личност, но кога сте во врска, важно е да научите и да слушате.
Ако не му дозволувате на партнерот да го сподели неговото мислење, ако постојано зборувате, па и го прекинувате кога тој зборува, дефинитивно ќе го исплашите.
Со ова однесување вие изгледате себично, како да ви е грижа само за вас и вашите чувства, а никој не би сакал да биде во врска со таква личност.
Спирова С. | Црнобело