3 секс активности кои (наводно) никој веќе не ги прави повеќе (18+)
„Смешно е да потрошите 20 минути на предигра“ – вели секс терапевтот Трејси Кокс во нејзината колумна за тоа кои секс активности веќе не се модерни и никој не ги прави.
Познатиот британски секс терапевт Трејси Кокс која редовно објавува колумни за магазинот Daily Mail тврди дека постојат три активности што се излезени од мода и паровите веќе не сакаат да ги прават.
Според неа брзиот начин на живот и модерното доба условуваат и начинот на секс да се промени во голема мера, па така паровите повеќе немаат време за некои активности.
Секс терапевтот дава и совети за разгорување на страстите што ќе ги заменат активностите што веќе не се модерни.
Кои се тие?
Долга предигра
Според Трејси, на сите треба да им е јасно дека предиграта е задолжителна, особено за жените на кои им е потребна подолга стимулација пред да имаат секс, но не значи дека „периодот на загревање“ треба да трае 20 минути.
„Ако имате две деца под 2 години и конечно сте нашле време за секс, смешно е да потрошите 20 минути на предигра.
Искористете ги паметно тие 3 минути што ги имате“ – советува таа.
Според неа, брзата предигра може да вклучува користење нови техники за стимулирање на клиторисот, заедничко гледање содржини што ве возбудуваат или користење секс играчки.
Менување 10 секс пози во една вечер
Модерното доба ги научи луѓето да имаат секс без емоции. Користењето апликации за состанување и другите начини на комуникација отворија нови можности за задоволување на физичките потреби без да бидат вклучени емоциите.
Дополнително, за време на еден сексуален чин не треба да ја поминете цела Кама Сутра во поглед на секс позите.
Наместо тоа, секој пат кога ќе имате секс обидете се да најдете некоја нова поза што ви се допаѓа.
Секс само во спалната соба
Сексот во спалната соба е удобен, но ако чекате да одите во спалната соба за да бидете интимни тоа значи дека интимниот чин ќе се случува сѐ поретко.
„Тоа значи дека постојано сте во исчекување и ако чекате да си легнете за да имате секс пред да си легнете, никогаш нема да имате – затоа што секогаш ќе победи следната епизода од серијата што ја гледате пред спиење на каучот“ – советува Трејси.
Трејси препорачува да се обидете да вметнете брз секс пред да почне серијата, или пак да воведете забрана за секс во спалната соба на неколку месеци, па да се обидете да бидете интимни на други места.
Секако, според неа, ова не важи за брзиот утрински секс.
Б. С. Б. | Црнобело