5 варијации на мисионерската секс поза, со кои нема да ви биде здодевно (18+)
Често се смета дека мисионерската секс поза е здодевна и за почетници, но постојат повеќе нејзини варијации што во целост ќе ви го променат ова мислење.
Мисионерската секс поза озвозможува поголема блискост на партнерите и контакт со очи, па затоа важи за една од најинтимните, а со неколку мали варијации можете да ја зачините и да ја направите повозбудлива.
Во продолжение погледнете неколку варијации на мисионерската секс поза.
Поткренете се на перница
Со поткревањето на задникот со помош на перница ќе го промените аголот и ќе добиете подлабока пенетрација.
Перницата ќе ви помогне да се чувствувате удобно, без да мора да се виткате во невозможни позиции за да постигнете подлабоко продирање.
Испружете се врз партнерот
Ова е идеална секс поза за сите што сакаат бавен секс исполнет со допири и размена на нежности.
И двајцата партнери се со собрани нозе, а партнерката буквално лежи врз партнерот.
Подредување
Пределот на колковите на партнерот треба да биде на малку повисоко ниво од партнерката и неговата препонска коска треба да допира на клиторисот и на вулвата и на тој начин обезбедува двојна стимулација кај партнерката.
Превртена мисионерска поза
Иста како класичната мисионерска поза, со тоа што партнерката е горе и таа ја има целата контрола за брзината на интимниот чин.
Мост
За оние жени што се пофлексибилни секс позата мост е идеална. Обезбедува подлабока пенетрација, а партнерот може да ја опсипе партнерката со нежности.
Б. С. Б. | Црнобело