„Девојка ми ме изневерува, се обиде да го заведе и татко ми, но страв ми е да ѝ раскинам - има суицидни мисли“
„Девојка ми спиеше и со мојот (поранешен) најдобар другар на една забава кога беа пијани. Уште полошо, се обиде да спие и со татко ми“ – признава овој маж во своето писмо во кое бара совет за девојка му на која не ѝ раскинува затоа што се плаши дека таа ќе посегне по сопствениот живот.
фото: The Sun
Дечко од Англија упати искрено писмо до колумнистката на британскиот весник The Sun, Дидре каде отворено говори за тоа како неговата девојка постојано го изневерува, а тој стравува да ѝ раскине затоа што се плаши што би можела да направи таа.
Неговото писмо ви го пренесуваме во целост:
„Мојата девојка постојано ме изневерува, но не можам да ја оставам – барем не засега.
Има проблеми со менталното здравје, па иако знам дека заслужувам подобро, ја сакам и се плашам што може таа да направи ако си заминам.
Заедно сме веќе пет години. Јас имам 32 години, а таа 30 години.
Во периодот додека сме заедно таа имаше повеќе афери и авантури за една ноќ. Дури спиеше и со мојот (поранешен) најдобар другар на една забава кога беа пијани.
Уште полошо, се обиде да спие и со татко ми! Тој ми кажа дека таа се обидела да го бакне.
Постојано сака да флертува и како да не знае да се контролира кога некој е заинтересиран за неа.
Еднаш имаше секс со едно момче во дневната соба, додека јас спиев во спалната.
Секогаш ѝ простувам затоа што навидум потоа е мошне вознемирена затоа што ме повредила.
Секогаш се лути на себеси и вели дека се мрази и го мрази сопствениот изглед, па затоа има постојана потреба да се чувствува посакувано.
А, јас правам сѐ за таа да се чувствува сакано, посакувано и се обидувам да ѝ бидам поддршка. Ме боли тоа што мојата љубов и поддршка не ѝ се доволни. Не сакам повеќе да ме третира на овој начин.
Другарите ми велат дека сум предмет за потсмев.
Но, мојата девојка веќе посегнала по сопствениот живот во минатото и не сум сигурен дека сакам да имам грижа на совест ако си заминам.
Не би можел да поднесам да бидам одговорен ако нешто ѝ се случи.
Знам дека таа навистина ме сака, но јас сакам иднина и деца со некој на кого можам да се потпрам.
Дури и кога би побарала стручна помош, не верувам дека ќе можам да ѝ верувам повторно.
Дали да ѝ раскинам?“
Дали вие би останале со некоја ваква личност? Советот на Дидре во голема мера е очекуван и го охрабрува мажот да стави крај на врската и да ја побара сопствената среќа со некоја друга личност.
Советот од експертот за врски:
„Не можеш да останеш со некого само затоа што си загрижен што би можел да направи ако му раскинеш. Твојата девојка е возрасна личност и таа е одговорна за сопствените постапки.
Тоа што има проблеми со менталното здравје не е изговор за тоа постојано да ги повредува другите луѓе, а на тој начин таа само избегнува одговорност.
Можеби те сака, но ако не сака да те повреди, треба да побара помош да престане да те изневерува“ – вели таа.
Според неа, на оваа девојка ѝ е потребна помош за да се справи со сексуална зависност и да ги надмине суицидните мисли.
„Мораш да мислиш на себе си. Ако не си среќен и не ѝ веруваш, тогаш можеби најдобра опција ти е да ѝ раскинеш. Можеби потоа таа конечно ќе ја добие помошта што ѝ е потребна“ – вели во својот одговор Дидре.
Што мислите вие? Дали би му простиле некому неверство ако постојано ве изневерува?
Б. С. Б. | Црнобело