Тајните на среќните врски

tajnite-na-sreknite-vrski-povekjeАко сте добро расположени да слушате љубовни совети, еве уште неколку кои можат да ви помогнат. Експертите тврдат дека клучот на успешната...


...врска и браковите лежи во малите нешта и дека токму тие можат да направат чуда за да одржат добар меѓусебен однос.

Тајната на успехот е во упорноста. Ако се трудиме да се придржуваме до тие мали позитивни промени, тие и ќе ни станат навика, што ќе доведе до складен однос.

За кои промени станува збор? Во продолжение се 6 стратегии на експертите кои комплетно би требале да доведат позитивни промени во вашата врска.

1. Читањето мисли не поминува.

tajnite-na-sreknite-vrski

Она што сакате да го знаете – прашајте го. Луѓето не читаат мисли, па затоа отворено разговарајте.

2. Опуштеност.

Дајте си себе простор. Кажете му на партнерот што ве мачи затоа што делењето на проблемите ја зголемува блискоста. И запомнете, целта не е да се реши проблемот, туку да се развие поголема поврзаност.

3. Пофалби.

Пофалете ја својата партнерка или партнерот. Кажете и јасно и гласно што сакате на неа или него. Тоа им дава повеќе самодоверба, а таквите луѓе можат да ви пружат повеќе.

4. Раздвојте се.

Ако не сте во добро расположение, одвојте се на некое време. Вашата половина не е канал за испуштање на фрустрациите.

5. Заеднички оброци.

Јадете заедно. Ако не живеете заедно барем еднаш во неделата имајте заеднички оброк. На тој начин ја потврдувате вредноста на она што го имате, а тоа е многу важно за иднината.

6. Непрекинато запознавање.

Никогаш немојте да мислите дека целосно го познавате партнерот. Проблемите во врската често настануваат затоа што луѓето мислат дека знаат се. Сепак, фактот дека секогаш имате уште нешто да откриете е важна ставка која не смеете да ја заборавите!

Би можело да ве интересира:

6 митови поради кои си го уништувате задоволството во сексот, според експерт Мислат дека секој однос треба да биде спонтан и веруваат дека страста е поважна ...
Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...
Српски психолог е хит на Инстаграм - објасни зошто балканските мажи не се разведуваат од сопругите Колкави се шансите мажот да се разведе од сопругата за да биде со љубовницата? „...
6 знаци дека имате лош сексуален живот (и како да се поправите), според сексолог (18+) „Добриот секс не е шоу, ниту филм. Нема потреба да си создавате таков притисок“ ...
Жени откриваат: „Зошто останав со мажот кој ме изневери?“ „Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и заедно сме веќе 17 г...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg